Наезда од претставки за неисплатен К15, 248 пристигнале за 11 дена

Bez autora
Jan 15 2019

За 11 дена во Државниот инспекторат за труд стигнале 248 претставки за неисплатен регрес за годишен одмор. Директорот на Инспекторатот, Аљајдин Хавзиу, вели дека инспекторите прават вонредни контроли и уверува дека ќе се постапи по секоја поднесена претставка. До 11.1.2019. во сите подрачни единици, вклучувајќи ја и дирекцијата, поднесени се 248 претставки за исплата на регрес за годишен одмор. Претставките се укажување дека нешто не е во ред. Инспекторите во текот на целата година имаат обврска при контролата да утврдат дали работодавецот исплатил регрес, ова сега е наезда од претставки оти луѓето мислат дека само сега може да се контролира и да се исплати, но за К15 ние зборуваме цела година. Тоа е дел од нашите редовни контроли. Оваа бројка од 248 ќе биде многу поголема оти неисплатен регрес утврдуваме и во редовните контроли, изјави директорот Хавзиу.

Наезда од претставки за неисплатен К15, 248 пристигнале за 11 денаЗа 11 дена во Државниот инспекторат за труд стигнале 248 претставки за неисплатен регрес за годишен одмор. Директорот на Инспекторатот, Аљајдин Хавзиу, вели дека инспекторите прават вонредни контроли и уверува дека ќе се постапи по секоја поднесена претставка.

„До 11 .1. 2019 во сите подрачни единици, вклучувајќи ја и дирекцијата, поднесени се 248 претставки за исплата на регрес за годишен одмор. Претставките се укажување дека нешто не е во ред. Инспекторите во текот на целата година имаат обврска при контролата да утврдат дали работодавецот исплатил регрес, ова сега е наезда од претставки оти луѓето мислат дека само сега може да се контролира и да се исплати, но за К15 ние зборуваме цела година. Тоа е дел од нашите редовни контроли. Оваа бројка од 248 ќе биде многу поголема оти неисплатен регрес утврдуваме и во редовните контроли“, изјави директорот Хавзиу за „Макфакс“ и нагласи дека бројот на претставки во Инспекторатот е зголемен во однос на лани во истиот период.

Онаму каде што ќе утврдат дека не е исплатен регрес, инспекторите му оставаат рок на работодавецот да го исплати, па ако не го исплати, се поведува прекршочна постапка. Сумирани резултати од вонредните контроли во компаниите директорот Хавзиу очекува до крајот на следниот месец.

„Се постапува во континуитет, ќе имаме податоци за овие претставки на крајот на февруари оти до тогаш треба да заврши и контролниот надзор. Во моментот не можеме со точност да кажеме по колку претставки е постапено, но со сигурност можам да кажам дека ќе се постапи по сите. По 15 февруари, ќе знаеме за колку од нив колку се донесени решенија за исплата на годишен регрес, не може 248 претставки во еден ден да се решат“, вели директорот Хавзиу.

Вонредни контроли прават 102 инспектори од 32 подрачни единици и од дирекцијата во Скопје. Директорот Хавзиу смета дека и тие, исто како и другите инспекторати, имаат недостиг од кадар, но вели дека тоа не е пресудно за работата на Инспектарот.

„И илјада инспектори да имаме, а немаме свест во општеството, и тие ќе бидат малку. Имаме недостиг на инспектори. Во планот имаме одобрено 10 вработувања во 2019 година, но исто толку инспектори во текот на годината ќе заминат во пензија. Нам ни недостигаат и ќе ни недостигаат инспектори. Со повеќе инспектори ќе го скратиме времето од пријавување до реализација. Јас се надевам дека ќе најдеме решение за вработувањата“, рече директорот Хавзиу.

За олеснување на процесот на контрола во компаниите, Државниот инспекторат за труд и Инспекцискиот совет подготвуваат „чекинг-листи“ со помош на кои секој работодавец може сам да си направи инспекција за десет основни работи што треба да ги има секоја компанија. Кога во инспекција ќе доаѓаат инспекторите од Државниот инспекторат за труд, работодавците ќе може само да ја покажат потполнетата листа и да понудат документација што ќе го потврди тоа.

По претставките за неисплатен К15, кои се најмногубројни во овој период, во преостанатите месеци од годината вработените најмногу се жалат во Државниот инспекторат за труд за неисплатена прекувремена работа.

Минатата недела Владата го задолжи Државниот инспекторат за труд до крајот на февруари да изготви детаљна информација за исплатата на регресот за годишен одмор и за мерките што се преземени против компаниите што не исплатиле К15.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik