Просечната пензија од 2016 година е зголемена за 667 денари

Bez autora
Jan 22 2019

Пензиите се стабилни и продолжуваат да растат, Министерството за труд и социјална политика преку фондот на ПИОМ обезбедува и во иднина ќе обезбедува редовна исплата, стабилен и континуиран раст на пензиите, велат преку соопштение од министерството. Доказ за тоа се статистичките параметри коишто покажуваат евидентен раст на пензиите во Македонија. Во 2016 година просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, во 2017 година 13.954 денари, а во 2018 година 14.421 денари. Оваа Влада со Закон дефинираше дека пензиите ќе се усогласуваат редовно, и тоа двапати во годината.

Просечната пензија од 2016 година е зголемена за 667 денариПензиите се стабилни и продолжуваат да растат, Министерството за труд и социјална политика преку фондот на ПИОМ обезбедува и во иднина ќе обезбедува редовна исплата, стабилен и континуиран раст на пензиите, велат преку соопштение од министерството.

Доказ за тоа, велат од МТСП, се статистичките параметри коишто покажуваат евидентен раст на пензиите во Македонија.

„Во 2016 година просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, во 2017 година 13.954 денари, а во 2018 година 14.421 денари. Оваа Влада со Закон дефинираше дека пензиите ќе се усогласуваат редовно, и тоа двапати во годината. Исто така воведена е законска одредба за усогласување на пензиите од 1 април, доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4 проценти“, се наведува во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.

Оттаму додаваат дека со новата законска регулатива се стабилизира пензискиот систем, без притоа да се зголеми старосната граница за пензионирање и без замрзнување на пензиите.

Главната цел на овие реформи, како што посочија од МТСП, е спречување на ширењето на дефицитот во фондот на ПИОМ и негово намалување.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik