pretraga

kursna lista

RS

BA

HR

MK

EUR 117.7414
USD 104.9482
CHF 106.6885
GBP 131.2174
CAD 80.3586
HRK 15.9524
BAM 60.2002
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
07.02.2019.Makfax Macedonia

Фирми за одржување хигиена ја отстрануваат оградата на Владата

Фирми за одржување хигиена ја отстрануваат оградата на ВладатаФирмите „Серта“ и „Бапал“ се двата сервиси за хигиена што ги одржуваат објектите на државната управа, а истите денеска ја отстрануваат железната ограда пред Владата. Ниту една од фирмите не врши градежни услуги, покажуваат информациите до кои дојде „Макфакс“.

„Бапал“ доби тендер од 3,3 милиони евра за одржување на хигиената во Владата. Во рамки на услугата што оваа фирма треба да ја изврши, согласно со договорот, влегува чистење канцеларии, лифтови, санитарни јазли, покриви, фасади, патеки, гаражи, подруми.

Договорот нема ставка што се однесува на вршење други услуги, како отстранување  објекти или демонтажа на опрема. Според нивната веб-страница, тие се специјализирани за чистење, молеро-фарбарски, гипсарски, електричарски и водоинсталатерски работи.

Сервисот за хигиена „Бапал“ има договори со повеќе државни институции. Од 2018 година па до денес има склучено вкупно 28 договори за одржување објекти, како на Вишиот управен суд, Правниот факултет „Јустинијан Први“, Судскиот совет, Институтот за белодробни заболувања и туберколоза, МВР, Агенцијата за храна и ветеринарство, Собрание, Народна банка.

Втората фирма што работи на отстранување на оградата пред Влада е „Серта“, чиј договор со владините служби изнесува 4 милиони евра. Предмет на склучениот договор е одржување на хигиената. „Серта“ ги има истите обврски како „Бапал“, па така, нема дел во кој договорот со Владата ја обврзува фирмата да врши работи што не се однесуваат на хигиената.

Портпарлот на Владата, Миле Бошњаковски, рече дека за отстранување на оградата ќе бидат искористени внатрешните ресурси на службите во Владата, но не прецизираше која е фирмата што ги изведува овие работи. „Макфакс“ побара одговори на ова прашање, но до овој момент не доби одговор. Бошњаковски тврдеше дека тргањето на оградата ќе чини нула денари.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share