pretraga

kursna lista

RS

BA

HR

MK

EUR 117.7414
USD 104.9482
CHF 106.6885
GBP 131.2174
CAD 80.3586
HRK 15.9524
BAM 60.2002
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
10.02.2019.Makfax Macedonia

Белгискиот авиопревозник „Брисел ерлајнс“ од јуни почнува со летови до Охрид

Белгискиот авиопревозник „Брисел ерлајнс“ од јуни почнува со летови до ОхридБелгискиот авиопревозник „Брисел ерлајнс” од 17 јуни оваа година ќе лета до Охрид, велат од  Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

На нивната официјална веб-страница Охрид е промовиран како еден од оние градови што никогаш не се забораваат. Дестинацијата ја гледаат како вистински дијамант кој сѐ уште не е откриен од масовниот туризам.

Охрид го доживуваат како можност за поинакво искуство каде ќе можат да се најдат рурални предели со уникатни пејсажи, прошетки по магичното езеро, плажи, бесконечно калдрмирани улици, а пред сè, место со наследство под заштита на УНЕСКО.

Директоорт на Агенцијата за туризам, Љупчо Јаневски, потенцира дека бројот на туристи од Белгија продолжува да расте во континуитет. Во 2018 во споредба со 2017 година, растот на белгиски туристи во Македонија во период јануари-ноември е зголемен за 33 проценти, додека бројот на остварени ноќевања бележи раст од 25 отсто.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од вчера ги претставува туристичките потенцијали на Македонија на Интернационалниот саем за туризам во Брисел Salon des Vacances. Саемот за туризам е посетен од страна на 105.000 посетители од 800 дестинации и 350 егзибитори.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share