„Пуцко петрол“ на Јаоски го шири бизнисот – отвора бензинска пред „Континентал“

Bez autora
Mar 21 2019

34-годишниот Асмир Јаоски, синoт на градоначалникот на општина Пласница и сопственик на бензинските станици „Пуцко петрол“, Исмаил Јаоски, од редовите на ДУИ, гради бензинска станица пред хотелот „Континентал“. На терен секојдневно може да се забележи механизација како ги изведува градежните работи. Исмаил Јаоски потврди дека пред хотелот „Континентал“ се гради нова бензинска станица во сопственост на фирмата „Пуцко петрол“, но рече дека тој лично не е во бизнисот. Тоа е на синот. Јас излегов од фирмата пред 3-4 месеци, рече Јаоски во краткиот одговор. На прашањето кога очекува да завршат градежните работи за новата бензинската станица, Јаоски рече дека најверојатно за најмногу два месеца.

„Пуцко петрол“ на Јаоски го шири бизнисот – отвора бензинска пред „Континентал“34-годишниот Асмир Јаоски, синoт на градоначалникот на општина Пласница и сопственик на бензинските станици „Пуцко петрол“, Исмаил Јаоски, од редовите на ДУИ, гради бензинска станица пред хотелот „Континентал“. На терен секојдневно може да се забележи механизација како ги изведува градежните работи.

Исмаил Јаоски потврди за „Макфакс“  дека пред хотелот „Континентал“ се гради нова бензинска станица во сопственост на фирмата „Пуцко петрол“, но рече дека тој лично не е во бизнисот.

„Тоа е на синот. Јас излегов од фирмата пред 3-4 месеци“, рече Јаоски во краткиот одговор.

На прашањето кога очекува да завршат градежните работи за новата бензинската станица, Јаоски рече дека најверојатно за најмногу два месеца. И во  имотниот лист за парцелата на Агенцијата за катастар на недвижности пишува дека сопственик на градежното неизградено земјиште од 4074 квадратни метри пред хотелот „Континентал“ на улицата Беласица е фирмата „Пуцко петрол“.

Од Општина „Гази Баба“ потврдија за „Макфакс“ дека одобрението за градба на катастарската парцела 1232/22 на улицата Беласица е издадено лани, поточно на 25.07.2018 година, а правосилно станало на 16.08.2018 година.

„Земјиштето има чист имотен лист и приватна сопственост и врз основа на тоа е дадено и решение. Како е стекнат имотот, не е во надлежност на општина Гази Баба“, одговорија од Општината.

Од таму информираа дека во согласност со ГУП-от и Деталниот урбанистички план за таа четврт, одобрението за градба е дадено според планот донесен во 2012 година.

На релација од приближно 1,5 километри ова ќе биде трета бензинска станица по бензинските станици на „Макпетрол“ и „Луокил“ по должина на булеварот Александар Македонски.

Нафтената компанија „Пуцко петрол“ располага со десетина подружници, складови на нафтени деривати и бензиски пумпи во Прилеп, Кавадарци, Кичево и на неколку места во Скопје. Управител на фирмата е Божанка Грозданова.

Државните институции и јавни претпријатија во изминатите години постојано му доделуваат тендери на „Пуцко петрол“ за набавка на гориво, а оваа фирма изби меѓу првите според бројот на склучени договори за јавни набавки со државни органи.

Со гориво од „Пуцко петрол“ се снабдува ЕЛЕМ за износ од 93 илјади евра, како и Општина Струга во износ од 129 илјади евра. Тендери на „Пуцко птерол“ му доделиле и Акционерското друштво за аеродромски услуги „Аеродроми на Македонија“, Царинската управа и други државни органи.

Фирмата на синот на Јаоски во 2018 го доби големиот тендер на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје од 15 милиони евра за набавка на гориво за автобусите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik