pretraga

kursna lista

RS

BA

HR

MK

EUR 118.0364
USD 105.2112
CHF 103.1246
GBP 136.065
CAD 78.232
HRK 15.8895
BAM 60.3511
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
15.04.2019.Makfax Macedonia

Цените на бензините се зголемуваат до три денари

Цените на бензините се зголемуваат до три денариРегулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата што ќе важат од вечерва на полноќ.

Според објавените податоци, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 3,21 отсто.

Цените на еуросупер-95 и еуросупер-98 се зголемуваат за 3, односно 2,5 денари. Така еден литар „95“ ќе чини 71,5 денари, а еден литар „98“ ќе чини 73 денари.

Цената на еуродизел горивото се зголемува за 1,5 денар и еден литар дизел од вечерва ќе чини 62,5 денари.

Новите цени ќе важат следните две седмици.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share