pretraga

kursna lista

RS

BA

HR

MK

EUR 117.9511
USD 105.4736
CHF 105.0415
GBP 133.5346
CAD 78.2844
HRK 15.8735
BAM 60.3074
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
18.04.2019.Makfax Macedonia

Агенцијата за храна тврди дека нема непотребни задржувања на Ќафасан и Табановце

Агенцијата за храна тврди дека нема непотребни задржувања на Ќафасан и ТабановцеАгенцијата за храна и ветеринарство тврди дека нема непотребни задржувања на превозниците при вршење инспекциски контроли на граничните премини Ќафасан и Табановце.

Во согласност со законските одредби, при извоз на храна од животинско потекло официјалните ветеринари не вршат контроли на граничните премини, туку на местото на товарење на пратката за што издаваат и сертификат.

„На граничните премини контроли се вршат исклучиво при увоз во земјата за што компаниите имаат обврска претходно, најдоцна 24 часа пред пристигнување на пратката на граница, да се најават во електронскиот EXIM-систем. Работното време на инспекциските служби  на Агенцијата е усогласено со работното време на царинските служби.

За увоз на храна од неживотинско потекло, неодамна директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, донесе решение за определување 16 инспекциски места за вршење контроли при увоз. Избор на едно од определените инспекциски места каде што ќе се врши контролата прави компанијата што увезува во Македонија“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека како одговорна институција Агенцијата ја поддржува иницијативата на бизнис-секторот за  вршење заеднички инспекциски контроли со соседните земји. Според планираното, за оваа намена, на граничниот премин Ќафасан со Република Албанија ќе се гради нов објект за вршење заеднички контроли.

„За да нема задржување пратки од животинско потекло, кои се извезуваат од Северна Македонија, неодамна Агенцијата за храна и ветеринарство писмено се обрати до Ветеринарната управа на Република Србија со барање за пролонгирање на работното време на нивните официјални ветеринари на граничниот премин Табановце-Прешево. На барањето на Агенцијата, за жал, не беше позитивно одговорено“, се наведува во соопштението.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share