Светска банка одобри 420 милиони долари за проекти

Bez autora
Apr 21 2019

Бордот на извршни директори на Светска банка ја одобри четиригодишната Рамка за партнерство со Република Северна Македонија, која содржи проекти во вредност од околу 420 милиони. Преку овие проекти ќе се поддржи изградба на инфраструктура, вложување во човечки капитал и фискална и одржливост на животна средина. Министерот за финансии, Драган Тевдовски, го поздрави донесувањето на Рамката за партнерство и истакна дека Светска банка е наш партнер во развојот и подобрувањето на животниот стандард на сите граѓани. Со овие средства ќе се поддржат проекти што ќе ги подобрат условите за живот на граѓаните и ќе се постигне праведен раст. Тоа ќе се реализира преку вложување во подобра инфраструктура, подобра деловна клима, подобро образование и други проекти кои ќе продуцираат повисок економски раст, вели Тевдовски.

Светска банка одобри 420 милиони долари за проектиБордот на извршни директори на Светска банка ја одобри четиригодишната Рамка за партнерство со Република Северна Македонија, која содржи проекти во вредност од околу 420 милиони. Преку овие проекти ќе се поддржи изградба на инфраструктура, вложување во човечки капитал и фискална и одржливост на животна средина.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, го поздрави донесувањето на Рамката за партнерство и истакна дека Светска банка е наш партнер во развојот и подобрувањето на животниот стандард на сите граѓани.

„Со овие средства ќе се поддржат проекти што ќе ги подобрат условите за живот на граѓаните и ќе се постигне праведен раст. Тоа ќе се реализира преку вложување во подобра инфраструктура, подобра деловна клима, подобро образование и други проекти кои ќе продуцираат повисок економски раст“, вели Тевдовски.

Проектите се поделени на три области. Првата област ќе го подобри деловното окружување за поконкурентен приватен сектор. Тоа ќе се реализира преку инвестиции во инфраструктурата со кои ќе се подобри поврзаноста. Исто така, предвидени се проекти за подигнување на конкуретноста и иновативноста на фирмите.

Проектите од втората област ќе го поддржат развојот на човечкиот капитал, преку инвестиции во образованието, обезбедување подобар пристап до социјални услуги за најранливите граѓани и поттикнување  поинклузивно учество на пазарите на труд.

Третата област се однесува на проекти за зајакнување на управувањето со јавните финансии и поголема одржливост на енергетските извори.

Како дел од Рамката за партнерство со земјата е и проектот со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), кој министерот за финансии, Тевдовск,и го договори во рамки на Пролетните средби, а се однесува на поврзување на домашните компании со странските инвеститори.

Инаку, еден од проектите од Рамката беше усвоен вчера од Бордот на директори на Светска банка. Станува збор за Проектот за олеснување на трговијата и транспортот помеѓу земјите од Западен Балкан. Тој ќе го олесни тргувањето во регионот и ќе ги намали трошоците за фирмите. Станува збор за проект во вкупна вредност од 140 милиони долари, од кој првата фаза 90 милиони долари.

Уделот на Република Северна Македонија во проектот е 30 милиони долари. Проценето е дека преку овој проект извозните и увозните трошоци за фирмите ќе се намалат за околу 10%.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik