Првите банкноти со Северна Македонија во оптек од 2020, нема да бидат двојазични

Bez autora
May 09 2019

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежовска, информира дека новите банкноти со новото име Република Северна Македоија може да се очекуваат во оптек во јануари 2020 година. Првите пари со новото име што ќе ги користат граѓаните се банкнотите 500 и 10 за кои има распишано тендер. Парите ќе се повлекуваат и ќе се пуштаат во оптек во согласност со природниот циклус и потребите. Очекуваме првите банкноти да излезат на почетокот од следната година. Ова е подолг процес, но ние веќе имаме распишано два тендера и очекуваме таа постапка да биде реализирана во согласност со нашите проекции, рече Ангеловска-Бежовска.

Првите банкноти со Северна Македонија во оптек од 2020, нема да бидат двојазичниГувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежовска, информира дека новите банкноти со новото име Република Северна Македоија може да се очекуваат во оптек во јануари 2020 година. Првите пари со новото име што ќе ги користат граѓаните се банкнотите 500 и 10 за кои има распишано тендер.

„Парите ќе се повлекуваат и ќе се пуштаат во оптек во согласност со природниот циклус и потребите. Очекуваме првите банкноти да излезат на почетокот од следната година. Ова е подолг процес, но ние веќе имаме распишано два тендера и очекуваме таа постапка да биде реализирана во согласност со нашите проекции“, рече Ангеловска-Бежовска.

На прашањето дали парите ќе бидат двојазични, таа рече дека засега на првите банкноти со новото име не е предвидено да пишува на албански јазик, но дека во иднина ќе се консултираат со надлежни институции за спроведување на Законот за употреба на јазиците дали ќе има промени.

„На новите пари во согласност со Законот за јазиците ќе бидат застапени мотиви и симболи од албанската култура и тоа е веќе реализирано“, рече Ангеловска-Бежовска.

Целиот процес за замена на парите со старото име ќе трае околу 5 години, а евентуално забрзување на процесот може да се очекува со отворањето на соодветното поглавје од преговорите со ЕУ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik