Народната банка очекува 3,5 отсто економски раст во 2019 година

Bez autora
May 10 2019

Народната банка за 2019 година предвидува стабилен економски раст од 3,5 отсто од БДП, со раздвижување на капиталните инвестиции, кои според проекциите треба да учествуваат со 8 отсто од БДП. Се очекува прилив на нови странски инвестиции за кои веќе има најави со склучени договори со фирми што би отвориле бизниси во државата. Имајќи го предвид нешто повисокиот раст од проектираниот за 2018 година, како и поповолниот домашен амбиент, а во услови на понеповолен надворешен амбиент и зголемени ризици од надворешното опкружување, најновите проекции ги потврдуваат октомвриските очекувања за економски раст од 3,5 отсто оваа година и негово натамошно забрзување на 3,8 отсто во 2020 година и на 4 отсто во 2021 година.

Народната банка очекува 3,5 отсто економски раст во 2019 годинаНародната банка за 2019 година предвидува стабилен економски раст од 3,5 отсто од БДП, со раздвижување на капиталните инвестиции, кои според проекциите треба да учествуваат со 8 отсто од БДП. Се очекува прилив на нови странски инвестиции за кои веќе има најави со склучени договори со фирми што би отвориле бизниси во државата.

„Имајќи го предвид нешто повисокиот раст од проектираниот за 2018 година, како и поповолниот домашен амбиент, а во услови на понеповолен надворешен амбиент и зголемени ризици од надворешното опкружување, најновите проекции ги потврдуваат октомвриските очекувања за економски раст од 3,5 отсто оваа година и негово натамошно забрзување на 3,8 отсто во 2020 година и на 4 отсто во 2021 година. Во однос на изворите на растот, позитивен импулс се очекува од домашната побарувачка, при натамошен раст на личната потрошувачка и закрепнување на инвестициската активност, а позитивен придонес се очекува и од понатамошното зголемување на активноста во извозниот сектор“, рече гувернерката Анита Ангеловска-Бежовска при презентирањето на макроекономските прокеции за 2019-2021 година.

Во однос на инфлацијата, се очекува таа да биде на пониско ниво од минатата година, со благ раст на цените.

„Во поглед на идната патека на движење на цените во домашната економија, најновите проекции упатуваат на задржување на амбиентот на стабилни цени и отсуство на позначителни инфлациски притисоци. Поради тековно пониските остварувања и очекувањата за послаби притисоци од цените на примарните производи и странската ефективна инфлација во претстојниот период годинава, кај проекцијата на домашната инфлација е направена надолна корекција за оваа година, односно стапката на инфлација е ревидирана на 1,5 отсто наспроти претходно очекуваните 2 отсто. И според најновите согледувања, како и во претходниот циклус проекции, се очекува динамиката на раст на домашните цени во 2020 и 2021 година да изнесува околу 2 отсто“, велат проекциите на Народната банка.

Во однос на ризиците за макроекономското сценарио, неповолните ризици во делот на надворешното опкружување се оценети како поизразени во споредба со претходниот циклус проекции.

Тие главно се поврзуваат со присутната неизвесност поради глобалните трговски тензии, променливоста на финансиските услови и на цените на примарните производи, неизвесниот исход од процесот брегзит, како и геополитичките ризици.

Од друга страна, домашниот амбиент се оценува како постабилен, а притоа позитивен ризик што не е директно вграден во проекциите се и можностите за забрзана евро-атлантска интеграција, којa може да донесе повисок раст, со зголемување на странскиот капитал, нови вработувања и покачувања на платите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik