pretraga

kursna lista

RS

BA

HR

MK

EUR 117.7842
USD 106.1693
CHF 108.3771
GBP 129.0362
CAD 79.7564
HRK 15.9476
BAM 60.2221
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
14.05.2019.Makfax Macedonia

Компанија од Македонија селектирана меѓу 30-те најиновативни технолошки компании во Југоисточна Европа

Компанија од Македонија селектирана меѓу 30-те најиновативни технолошки компании во Југоисточна ЕвропаМакедонската компанијата Elevate Global која работи на проекти поврзани со вештачка интелигенција и машинско учење, е селектирана помеѓу 30-те најиновативни технолошки компании од Југоисточна Европа кои ќе бидат презенирани на South East Europe Tech Tour 2019 на 28 & 29 Мај во Букурешт и Софија.

Овие 30 компании беа избрани врз основа на нивната иновативна примена на технологии, силен бизнис модел, менаџерски тим и докажани капацитети за извршување, во силна конкуренција на преку 150 компании кои се најдоа во фазата на пред селекција.

Најдобрите 30 ќе го презентираат својот бизнис и технологија пред 40 топ интернационални инвеститори кои се активни во регионот на Југоисточна Европа и ќе учествуваат во панел-дискусии на кои ќе споделат повеќе за своите решенија и импактот врз развојот на технологиите воопшто.

Ко-основачи на Elevate Global (линк) се двајца доктори по технички науки, Горан Стојановски и Ѓорѓи Маџаров, а во тимот се вклучени и неколку софтверски инжинери и data-science истражувачи.

Решенијата на Elevate Global во областа на data mining, вештачка интелигенција и машинско учење им помагаат на компаниите да ја унапредат својата работа и да ги оптимизираат своите ресурси – така што самото користење на решенијата кои ги нудат, се исплаќа од финансиските резултати од реализираните бенефити.

Досега услугите на Elevate Global ги користеле повеќе домашни и интернационални компании во областа на енергетиката, телекомуникациите, банкарството, производствените капацитети, тешките индустрии итн.Неодамна, Elevate Global со своето решение ,,ASAP” беа победници на глобалниот Betapitch инвестициски ден кој се одржа во Берлин, Германија.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share