Отворен е повикот за стартап-бизниси на „Сеавус акцелераторот“

Bez autora
May 15 2019

Денес и официјално е отворен повикот на „Сеавус акцелераторот“, проект помогнат од страна на Фондот за иновации и технолошки развој, со кој се повикуваат сите иновативнo технолошки ориентирани стартап-бизниси да аплицираат за менторска и финансиска поддршка. Повикот е отворен до 5 јуни оваа година. По завршување на рокот за пријавување, ќе стартува првата фаза од акцелераторката програма, која е замислена како 6+6 неделна активност со менторски сесии за најдобрите 15 компании кои ќе ќе бидат селектирани и прифатени во програмата.

Отворен е повикот за стартап-бизниси на „Сеавус акцелераторот“Денес и официјално е отворен повикот на „Сеавус акцелераторот“, проект помогнат од страна на Фондот за иновации и технолошки развој, со кој се повикуваат сите иновативнo технолошки ориентирани стартап-бизниси да аплицираат за менторска и финансиска поддршка. Повикот е отворен до 5 јуни оваа година.

По завршување на рокот за пријавување, ќе стартува првата фаза од акцелераторката програма, која е замислена како 6+6 неделна активност со менторски сесии за најдобрите 15 компании кои ќе ќе бидат селектирани и прифатени во програмата.

Повикот се однесува на технолошко ориентирани компании (Fintech, AI, Machine learning, Block chain, IOT, Gaming, E-commerce, Digital Media и сл.) кои развиваат иновативни решенија во повеќе области, и тоа: финансии, медицина, јавни сервиси, подобрување на животната околина, инфраструктура, компјутерски мрежи, интернет-технологии, алатки за развивање софтвер, сајбер-безбедност и сл. Компаниите кои аплицираат треба да имаат најмалку двајца ко-основачи.

„Акцелераторската програма ќе заврши со т.н. Демо ден – ден за презентации на кој Комитетот за инвестиции ќе одлучи кому ќе додели средства во првата фаза. Иницијалната инвестиција изнесува до 32.000 евра по компанија и таа очекуваме да се случи најдоцна во период од 6 месеци по официјалниот старт на програмата. Позитивно оценетите компании од првата фаза може да добијат дополнителна инвестиција во износ до 100.000 евра“, изјавуваат од акцелераторот.

Останатите информации поврзани со критериуми за аплицирање, како и апликациската форма можете да ги пронајдете на веб-страницата на „Сеавус акцелератор“: www.seavusaccelerator.com.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik