pretraga

kursna lista

RS

BA

HR

MK

EUR 117.9266
USD 105.1414
CHF 105.2165
GBP 132.4125
CAD 78.4191
HRK 15.9059
BAM 60.2949
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
12.06.2019.Makfax Macedonia

Над 25.000 семејства добиваат гарантиран минимален приход

Над 25.000 семејства добиваат гарантиран минимален приходСо исплата на зголемената социјална помош, почна реализацијата на мерките од новата социјална реформа. Веќе над 25.000 семејства добиваат гарантиран минимален приход, кој за најголемот дел од нив е зголемен за дури 100 отсто, истакна Катерина Кузмановска, пратеничка на СДСМ.

„За првпат корисниците на гарантираната минимална помош  добиваат детски додаток и додаток за основно образование. Досегашната програма за условен паричен надоместок за средно образовение е трансформирана  во право на додаток за образование.

Опфатот на деца кои користат образовен и детски додаток се зголемува за околу 20 пати. Наместо 3.200 деца, сега детски додаток користат 73.500 деца, а наместо 3.800 дечиња корисници на образовен додаток, отсега пристап имаат 64.136 деца.

Аплицирањето за новите права од социјалната реформа сè уште трае и очекувано е бројот на семејства опфатени со овие мерки дополнително да се зголеми.

Со новата социјална реформа на Владата и мнозинството предводено од СДСМ правиме целосна преобразба на системот на социјална заштита.

Градиме фер и праведно општество на еднакви можности.

Ја намалуваме сиромаштијата, овозможуваме еднаков старт за секое дете, ги унапредуваме правата на лицата со попреченост и градиме вистински праведно и фер општество“, порача Кузмановска.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share