pretraga

kursna lista

RS

BA

HR

MK

EUR 117.468
USD 106.4504
CHF 106.9739
GBP 136.9091
CAD 80.419
HRK 15.7862
BAM 60.0604
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
13.06.2019.Makfax Macedonia

ЕЛЕМ во јуни продаде вишоци електрична енергија за 4.186.820 евра

ЕЛЕМ во јуни продаде вишоци електрична енергија за 4.186.820 евраАД Еелектрани на Северна Македонија информира дека на 6.6.2019 година преку јавна аукција продала 4.800 MWh вишоци електрична енергија за  вкупна сума од 198.792 евра.

Продадената електричната енергија е за периодот од 11 до 14 јуни. Како што се наведува, просечната цена која е постигната на аукцијата изнесува  41,42 евр/MWh. На HUPX (Унгарската берза на електрична енергија), цената за тој период изнесува  38,66 евр/MWh.

Исто така, за месец јули продадени се и 11.160 MWh вишоци електрична енергија за  вкупна сума од  561.794 евра. Просечната цена која беше постигната на аукцијата за периодот 1-31 јули изнесува 50,34 евр/MWh.

На 10.6.2019г АД ЕСМ продаде 52.992 MWh  за третиот кавртал (јули, август и септември) во вкупна вредност од 2.842.314 евра. Постигнатата просечната цена инесува 53.63 евр/MWh. На HUPX, цената за Q3 изнесува  53.52 евр/MWh.

На 12.06.2019 АД ЕСМ спроведе аукција за периодот 17-28 јуни 2019. На оваа аукција се продадени 12.000 MWh, во вкупна вредност од 583.920 евра. Просечната цена која беше постигната е 48.66 евр/MWh.

Со тоа, вкупната вредност на продажбите извршени во првата половина на јуни изнесува 4.186.820 евра

Во 2019 година преку 17 јавни аукции продадени се вкупно 174.552 MWh вишоци eлектрична енергија, во вкупна вредност од 8.495.618 евра.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share