Агенцијата „Фич“ после 13 години го зголеми кредитниот рејтинг на Северна Македонија

Bez autora
Jun 15 2019

Aгенцијата „Фич” го зголеми кредитниот рејтинг на Северна Македонија од ББ на ББ+, со стабилен изглед. Ова е прво подобрување на кредитниот рејтинг на нашата земја после 13 години, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски. Тој додаде дека кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во една земја и е еден од клучните индикатори кои ги земаат предвид потенцијалните инвеститори при носење на нивните одлуки. Ова исклучително достигнување ќе влијае на сите инвеститори кои размислуваат за инвестирање во регионот. Подобрениот кредитен рејтинг позитивно влијае врз одлуките за инвестирање во една земја, што понатаму уште повеќе ќе влијае за повисок економски раст, повисок извоз, повисока вработеност и повисоки плати – со други зборови, подобар животен стандард за граѓаните.

Агенцијата „Фич“ после 13 години го зголеми кредитниот рејтинг на Северна МакедонијаAгенцијата „Фич” го зголеми кредитниот рејтинг на Северна Македонија од ББ на ББ+, со стабилен изглед. Ова е прво подобрување на кредитниот рејтинг на нашата земја после 13 години, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски.

Тој додаде дека кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во една земја и е еден од клучните индикатори кои ги земаат предвид потенцијалните инвеститори при носење на нивните одлуки.

„Ова исклучително достигнување ќе влијае на сите инвеститори кои размислуваат за инвестирање во регионот. Подобрениот кредитен рејтинг позитивно влијае врз одлуките за инвестирање во една земја, што понатаму уште повеќе ќе влијае за повисок економски раст, повисок извоз, повисока вработеност и повисоки плати – со други зборови, подобар животен стандард за граѓаните. Подобрениот кредитен рејтинг исто така ги намалува и трошоците за долгот на државата, со што се постигнуваат заштеди во каматите“, рече Тевдовски.

Во извештајот „Фич“ наведува дека подобрените стандарди на владеење ја поддржуваат имплементацијата на реформите и ја зголемуваат довербата дека земјата нема да се врати на политичката парализа меѓу 2014 и 2017.

„Фич“ нотира и дека ова влијаело за понатамошен напредок кон членство во НАТО и кон отворање на преговорите за членство со Европската Унија, што пак ја поддржува довербата на инвеститорите и делува како сидро за реформи и макроекономска стабилност. Исто така се коментира и извештајот на Европската комисија со препорака за почнување на преговори како одраз на напредокот на реформите во клучните полиња како владеење на правото, правосудство и јавна администрација.

Советникот на министерот за финансии Рилинд Кабаши рече дека „Фич“ има слични проекции за економскиот раст со оние на Министерството за финансии за оваа и следната година, како и дека основата на растот е широка, со закрепнување на домашните инвестиции и континуиран раст на личната потрошувачка.

Проекциите за дефицитот на „Фич“ исто така се покопуваат со планот на Министерството за финансии, како и проекциите за државниот долг.

„Се нотира дека преземените мерки како пензиската реформа, подоброто таргетирање на социјалната помош и прогресивното оданочување придонесуваат врз намалување на дефицитот. Позитивно се оценети преземените мерки за подобро управување со јавните финансии, особено повисоката буџетска транспарентност и воведувањето на фискално правило за општините“, рече Кабаши.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik