Фирмите добија 196 милиони евра поврат на ДДВ во првото полугодие

Bez autora
Jul 14 2019

Преку 12 милијарди денари или 196 милиони евра се инјектирани во стопанството во првата половина од годинава, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите. Согласно податоците на Министерството за финансии повратот на ДДВ кон фирмите заклучно јуни е поголем за околу 20 проценти во однос на истиот период лани или за скоро 2 милијарди денари. Ако се направи споредба пак со 2017 година, повратот на ДДВ во првото полугодие е повисок за 3,2 милијарди денари или за околу 37 проценти. Во споредба со 2016 година повратот е повисок за 4,9 милијарди денари или 69 отсто.

Фирмите добија 196 милиони евра поврат на ДДВ во првото полугодиеПреку 12 милијарди денари или 196 милиони евра се инјектирани во стопанството во првата половина од годинава, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите.

Согласно податоците на Министерството за финансии повратот на ДДВ кон фирмите заклучно јуни е поголем за околу 20 проценти во однос на истиот период лани или за скоро 2 милијарди денари.

Ако се направи споредба пак со 2017 година, повратот на ДДВ во првото полугодие е повисок за 3,2 милијарди денари или за околу 37 проценти. Во споредба со 2016 година повратот е повисок за 4,9 милијарди денари или 69 отсто.

Заменик министерката за финансии Ширет Елези вели дека со редовниот и неселективен поврат на ДДВ се подобрува ликвидноста на фирмите.

„Навремениот и неселeктивен поврат на ДДВ е значаен за непречено оперативно работење на фирмите, но и за нивната инвестициска активност. Затоа Управата за јавни приходи направи Модул за автоматски поврат и пребивање даноци кон сите даночни обврзници. Главната цел е прецизно и навремено извршување на повратот и пребивањето даноци кон даночните обврзници“, вели Елези.

Заменик министерката за финансии посочува дека позитивните тенденции во стопанството се огледаат и преку добрата наплата на даночните приходи, вклучително и ДДВ. Таа додава и дека засилената активност на фирмите се покажува преку високиот раст на брутоинвестициите од 9,9 отсто во прво тримесечје од 2019 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik