Потпишан договорот со компанијата што ќе ги снабдува земјоделците со гориво за земјоделска механизација

Bez autora
Jul 16 2019

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, заедно со директорот на големопродажба на АД „Макпетрол“, Зоран Доневски, денеска го потпиша договорот за набавка на гориво за земјоделска механизација. Вкупната вредност на јавната набавка изнесува 200 милиони денари. Бабовски истакна дека со денешното потпишување на договорот практично се заокружува целиот процес за оваа мерка, при што за кратко време земјоделците ќе го почувствуваат благодатот од оваа мерка. Претпријатието што го доби тендерот во најкраток рок, но не подолг од 60 дена, до Агенцијата треба да ги достави изработените персонализирани платежни картички преку кои земјоделците ќе може да точат гориво на сите бензински станици на „Макпетрол“ во државата.

Потпишан договорот со компанијата што ќе ги снабдува земјоделците со гориво за земјоделска механизацијаДиректорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, заедно со директорот на големопродажба на АД „Макпетрол“, Зоран Доневски, денеска го потпиша договорот за набавка на гориво за земјоделска механизација.

Вкупната вредност на јавната набавка изнесува 200 милиони денари. Директорот на АФПЗРР, Бабовски, истакна дека со денешното потпишување на договорот практично се заокружува целиот процес за оваа мерка, при што за кратко време земјоделците ќе го почувствуваат благодатот од оваа мерка.

Претпријатието што го доби тендерот во најкраток рок, но не подолг од 60 дена, до Агенцијата треба да ги достави изработените персонализирани платежни картички преку кои земјоделците ќе може да точат гориво на сите бензински станици на „Макпетрол“ во државата.

„Безготовинската картичка е намената за набавка на дизел-гориво на која било бензинска станица на целата територија на РСМ. Со картичката не може да се подигаат пари или да се купуваат други производи. Картичката заедно со ПИН-кодот, упатството за користење и решението за одобрена финансиска поддршка се подигнува во подрачната единица на МЗШВ, каде што е регистрирано земјоделското стопанство. Картичката е лична и може да се користи само од страна на корисникот чии име и презиме и дата на раѓање е испечатено на неа“, истакна Бабовски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, истакна дека со оваа мерка ќе се намалат производните трошоци на земјоделците.

„До крајот на месецов земјоделците ќе имаат можност да користат гориво за својата земјоделска механизација преку мерката за субвенционирана нафта, која првпат ја воведува оваа Влада со единствена цел – да им го олесниме производството на земјоделците и да им го направиме поекономично. Бидејќи се работи за нова мерка, за почеток државата ќе покрива 30 отсто од трошоците што земјоделците ги имаат за набавка на гориво за механизацијата, со можност овој процент во следните години да расте и до 50 отсто“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Димковски.

Директорот на компанијата, Зоран Доневски, истакна дека во согласност со договорот веднаш ќе почнат со печатење на персонализираните платежни картички.

„Реално очекуваме да се скрати периодот од 60 дена за печатење на картичките и побргу ќе одговориме со испорака и пристапност на картичките за корисниците. Веќе почнуваме и со подготовка на вработените сè со цел квалитетна реализација на оваа мерка“, истакна Доневски.

Според директорот Бабовски, висината на средствата на платежната картичка зависи од големината на површините и земјоделските култури за кои конкурирале земјоделците за субвенции во 2018 година. И најмалите земјоделци, односно и оние што имаат 0,2 хектари земја, нема да останат без субвенционирана нафта.

Најнискиот износ што ќе биде на една картичка е 500 денари, а додека највисокиот е исто така лимитиран и ќе биде до 100.000 денари. Преку оваа мерка придонесуваме значително да се намалат производствените трошоци, што за земјоделците ќе значи поекономично производство и поголеми приходи. Средствата за оваа мерка во висина од 200 милиони денари се обезбедени, а со оваа мерка ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik