Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати. Просечната нето плата во мај 2019 изнесувала 25.270 денари и споредено со мај 2018 година е поголема за 3,1 отсто, велат од владејачката партија преку соопштение. Владата предводена од СДСМ продолжува со мерките кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, повисоки плати и подобар животен стандард. Приближувањето на Македонија кон членство во НАТО и интеграцијата во ЕУ, придонесува за одржување на позитивен тренд на раст на платите, со крајна цел просечната плата да достигне 30.000 денари веќе до крајот на 2019 година, додава СДСМ во соопштението.
Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати. Просечната нето плата во мај 2019 изнесувала 25.270 денари и споредено со мај 2018 година е поголема за 3,1 отсто, велат од владејачката партија преку соопштение.
„Владата предводена од СДСМ продолжува со мерките кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, повисоки плати и подобар животен стандард. Приближувањето на Македонија кон членство во НАТО и интеграцијата во ЕУ, придонесува за одржување на позитивен тренд на раст на платите, со крајна цел просечната плата да достигне 30.000 денари веќе до крајот на 2019 година“, додава СДСМ во соопштението.