pretraga

kursna lista

RS

BA

HR

MK

EUR 117.7842
USD 106.1693
CHF 108.3771
GBP 129.0362
CAD 79.7564
HRK 15.9476
BAM 60.2221
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
13.08.2019.Makfax Macedonia

Поради африканска чума, забранет увоз на свинско месо од Србија во земјава

Поради африканска чума, забранет увоз на свинско месо од Србија во земјаваПо официјално потврдување на присуство на болеста африканска свинска чума во реоните на Белград и Смедерево, во соседна Србија, заради заштита од внесување на вирусот на африканска чума кај свињите во земјава, денеска Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение за забрана за увоз и транзит на домашни и диви свињи, семе, јајца и ембриони од свињи од оваа земја.

Забраната се однесува и на увозот на свинско месо, производи и подготовки од свинско месо и други производи кои содржат свинско месо, како и на нус-производи.

Од петокот на сила е и донесеното решение за задолжително лабораториско испитување на присуство на вирусот на африканска свинска чума на секоја увозна пратка од свинско месо, производи и преработки од свинско месо, мешовити производи кои содржат свинско месо и други производи од свињи, како и нус-производи и деривати на нус-производи од свињи.

Пратките нема да се пуштаат во промет до добивање на резултатите од лабораториските испитувања, кои ќе се вршат на Факултетот за ветеринарна медицина.

Во Република Северна Македонија африканска свинска чума нема, состојбата будно се следи, а превентивните мерки се подигнати на максимално ниво.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share