Фирмите на Бојан Јовановски под лупа на УЈП

Bez autora
Aug 22 2019

Фирмите кои се управувани од осомничените во случајот „Рекет“ ќе бидат прочешлани од УЈП. Управата од утре според најавите ќе влезе во фирмите на Бојан Јовановски а директорката Лукаревска кажа дека ќе се постаоува во делот на даноците. Според Лукаревска налозите за контрола во Меѓународниот сојуз, 1ТВ, БМЈ груп и сите останати даночни обврзници би требало да бидат дадени во петок а ќе се утврдуваат и кои исплати се правени. Преку исплатите што ги правел Меѓународниот сојуз ќе видиме на чија сметка од физичките лица се легнати тие пари и дали воопшто се пријавени. Доколку се утврдат даночни затајувања УЈП ќе започне постапки за потекло на имот- уверува Лукаревска.

Фирмите на Бојан Јовановски под лупа на УЈПФирмите кои се управувани од осомничените во случајот „Рекет“ ќе бидат прочешлани од УЈП. Управата од утре според најавите ќе влезе во фирмите на Бојан Јовановски а директорката Лукаревска кажа дека ќе се постаоува во делот на даноците.

Според Лукаревска налозите за контрола во Меѓународниот сојуз, 1ТВ, БМЈ груп и сите останати даночни обврзници би требало да бидат дадени во петок а ќе се утврдуваат и кои исплати се правени.

- Преку исплатите што ги правел Меѓународниот сојуз ќе видиме на чија сметка од физичките лица се легнати тие пари и дали воопшто се пријавени. Доколку се утврдат даночни затајувања УЈП ќе започне постапки за потекло на имот- уверува Лукаревска.

Во однос на физичките лица директорката на УЈП вели дека ќе се контролираат по основ остварените приходи и по основ на Законот за персонален данок , а од друга страна данчните обврзници преку ДДВ, данок на добивка, пресметки, деловни односи, задржан данок.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik