Основан Македонско-швајцарски бизнис-клуб

Bez autora
Sep 19 2019

Oфицијално е формиран Македонско-швајцарски бизнис-клуб со поддршка на Амбасадата на Швајцарија и Сојузот на стопанските комори на Македонија. Со свои обраќања пред присутните компании членови основачи на бизнис-клубот, претседателот на Сојузот, Данела Арсовска, и заменик-амбасадорот на Швајцарија, Стефан Томаџан, го означија почетокот на работа на Македонско-швајцарскиот бизнис-клуб и дадоа посебен акцент на заложбите, целите и придобивките од формирањето на клубот. За претседател на бизнис-клубот избранa е Јасминка Талеска, директор на швајцарската компанија „Новартис“.

Основан Македонско-швајцарски бизнис-клубOфицијално е формиран Македонско-швајцарски бизнис-клуб со поддршка на Амбасадата на Швајцарија и Сојузот на стопанските комори на Македонија.

Со свои обраќања пред присутните компании членови основачи на бизнис-клубот, претседателот на Сојузот, Данела Арсовска, и заменик-амбасадорот на Швајцарија, Стефан Томаџан, го означија почетокот на работа на Македонско-швајцарскиот бизнис-клуб и дадоа посебен акцент на заложбите, целите и придобивките од формирањето на клубот.

За претседател на бизнис-клубот избранa е Јасминка Талеска, директор на швајцарската компанија „Новартис“.

Арсовска истакна дека бизнис-клубот се формира како резултат на детектирана потреба и потенцијал за зголемување на деловната соработка и на бројот на компании од Швајцарија што работат во нашата земја.

„Постои голем потенцијал за натамошно унапредување на можностите за соработка меѓу компаниите од двете земји. Целта на формирањето е, пред сè, да ја зголемиме соработката. Обединувајќи ги компаниите што се со швајцарски капитал и компаниите од Сојузот кои имаат интерес за соработка, веруваме дека ќе дејствуваме кон зголемување на трговската размена, која според статистичките податоци минатата година изнесуваше 105 милиони евра, со остварен извоз од 40 милиони евра и увоз од 65 милиони евра“, истакна Арсовска.

Заменик-амбасадорот на Швајцарија, Томаџан, истакна дека Амбасадата ќе се залага во својот домен за јакнење на соработката меѓу двете земји, со особен акцент на зголемување на трговската и економска соработка.

„Задоволство е што на денешниот настан се присустни компании од Швајцарија и компании заинтересирани да остварат деловна соработка со Швајцарија да се здружат и да формираат деловен клуб. Ова е знак дека билатералните економски односи се добри. Убедени сме во потенцијалот за зголемена трговија и инвестиции меѓу нашите две држави. Во таа насока новиот деловен клуб ќе има корисна улога“, изјави Тoмаџан.

Претседателот на бизнис-клубот, Јасминка Талеска, рече дека од оваа соработка, односно формирањето на бизнис-клубот, ќе произлезе единствено успех.

„Основањето на Македонско-швајцарскиот бизнис-клуб, покрај тоа што ќе отвори безброј врати и можности за членовите, ќе придонесе и за вмрежување илјадници компании, изградба и зајакнување односи, заемна промоција и многу други придобивки. Како пазар да претставуваме цел, за влез и работа на компаниите од Швајцарија е примарна цел и од неа ќе имаат бенефит двете страни“, изјави Талеска.

Во моментов над 40 компании се со 100-процентен швајцарски капитал или дистрибуираат проиводи или услуги од Швајцарија на македонскиот пазар.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik