pretraga

kursna lista

RS

BA

HR

MK

EUR 117.5563
USD 106.1169
CHF 106.7917
GBP 136.029
CAD 80.3529
HRK 15.8101
BAM 60.1056
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
08.10.2019.Makfax Macedonia

Бугарски инвеститор во финални преговори за купување на Еуростандард банка

Бугарски инвеститор во финални преговори за купување на Еуростандард банкаЕуростандард банка е во сериозни неколкумесечни преговори со бугарски инвеститор заинтересиран да ја купи, брифираат вработени во банката. Вработените тврдат дека преговорите влегле во финална фаза, а бугарскиот инвеститор веќе почнал консултации со државните институции, кои треба да ја одобрат купопродажбата.

Од Еуростандард денес ниту потврдија ниту демантираа дека се во преговори со бугарски инвеститор. Најавија одговори на прашањата од „Макфакс“ за продажбата на банката, но до објавувањето на текстот не ги одговорија.

За можното купување на банката по покажаниот интерес за акциите, не сакаа да зборуваат ниту од Комерцијална банка. Оваа банка пред две недели преку Македонската берза извести дека ја разгледува можноста за преземање акции издадени од Еуростандард за што веќе направиле контакт со раководството за размена на информации.

„Во оваа рана фаза постапката не претставува намера за преземање и во ниеден аспект нема обврзувачки карактер, освен да го изрази првичниот интерес во рамките на претходната постапка да се стекнат информации врз основа на кои би се дефинирала евентуална намера за преземање во иднина. Поради тоа, ова известување не треба да се толкува како официјална намера за преземање на акциите издадени од Еуростандард банка АД Скопје“, извести Комерцијална банка пред две недели кога некои од медиумите пренесоа дека Комерцијална банка ја купува Еуростандард банка.

Акционерите на Еуростандард позитивно одговорија на интересот на Комерцијална за преземање на акциите. Тие преку соопштение известија дека преземањето ќе придонесе за подобрување на услугите и производите што ги нуди банката.

Од Комерцијална банка не одговорија на прашањето дали во бугарскиот инвеститор гледаат конкуренција за преземање на Еуростандард.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share