pretraga

kursna lista

RS

BA

HR

MK

EUR 117.5563
USD 106.1169
CHF 106.7917
GBP 136.029
CAD 80.3529
HRK 15.8101
BAM 60.1056
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
09.10.2019.Makfax Macedonia

Утврден предлог-законот за помош за покачување на платата до 100 евра кај приватниците

Утврден предлог-законот за помош за покачување на платата до 100 евра кај приватницитеВладата го утврди текстот на предлог-законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата со кој ќе се овозможи уплата на придонеси од буџетот, во име и сметка на работниците кај работодавачите од приватниот сектор.

„Целта на Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување е поттикнување на работодавачите да исплаќаат плата која е повисока до 100 евра, заради подобрување на економскиот стандард на вработените и поттикнување на економскиот раст и развој во Република Северна Македонија“, велат од Владата.

Притоа осигурениците непречено ги остваруваат правата од социјално осигурување, а работодавачите немаат обврска да плаќаат придонеси за социјално осигурување за износот на зголемена плата.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share