pretraga

kursna lista

RS

BA

HR

MK

EUR 117.5156
USD 106.8615
CHF 107.9214
GBP 137.0444
CAD 80.584
HRK 15.7926
BAM 60.0848
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
17.10.2019.Makfax Macedonia

Се разгледува можноста за новa авиолинија Скопје – Тел Авив

Се разгледува можноста за новa авиолинија Скопје – Тел АвивМинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, се сретна со почесниот конзул на Република Северна Македонија во Израел, Шломо Грацијани, и директорот на Директоратот за воневропски држави, амбасадорот Пајо Авировиќ.

На средбата се разговараше за можноста за воспоставување нова директна авиолинија од Скопје до Тел Авив, при што министерот Сугрески ги презентира можностите и условите за воспоставување линии од двата аеродрома.

„Развојот на авиосообраќајот е стратешка определба на Владата и нашите активности се насочени кон проширување на мрежата на дестинации достапни за граѓаните преку воспоставување нови директни авиолинии и интензивирање на соработката со другите земји во светот. Оваа средба беше одлична можност заеднички да ги разгледаме условите за воведување нова авиолинија Скопје – Тел Авив, која би имала бенефит за двете земји“, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Воспоставувањето на оваа линија ќе придонесе за развој на туризмот, зголемување на економската соработка и промоција на културните вредности и природни богатства на двете земји, истакна Сугарески.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share