Стапката на невработеност на историски најниски 17,1 отсто

Bez autora
Dec 08 2019

„Економските политики и мерки на СДСМ даваат реални и видливи резултати. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека стапката на невработеност изнесува 17,1 отсто.Тоа е историско најниско ниво на невработеност“, соопшти СДСМ.

Според партијата, за нешто повеќе од две години отворени се над 54.000 работни места доминантно во приватниот сектор.

„Со официјалното членство во НАТО но и со активните мерки за вработување на Владата предводена од СДСМ ваквиот тренд на опаѓање на невработенсота ќе продолжи да се намалува и во следната година.

На прав пат сме, продолжуваме да градиме развојна и конкуретна економија и да поттикнуваме економски раст и развој и отворање на нови работни места со што придонесуваме за дополнителен пад на стапката на невработеност“, се додава во соопштението.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik