Досега се откупени над 19 милиони килограми тутун

Bez autora
Jan 09 2020

Откупот на тутунот се одвива непречено на сите откупни пунктови во земјата. Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, досега се откупени над 19 милиони килограми тутун по просечна цена од 222,5 денара за килограм, што е досега највисока просечна цена, соопшти Министерството за земјоделство.

Вредноста на откупениот тутун е над 4,2 милијарди денари и 94,4 отсто од досегашниот откупен тутун е исплатен од страна на откупните компании.

Од реколтата 2019 вкупно се засадени 13.342 хектара тутун и склучени 32.798 договори со девет компании. Издадени се 20.933 евидентни листови. Вкупното производство на тутун од реколтата 2019 изнесува над 26.700 тони тутун, што е 6 отсто повеќе од реколтата 2018.

„По завршувањето на откупот и штом завршат сите административни процедури за контролите, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе почне со исплата на субвенциите за производителите на тутун. За реколтата 2018 се исплатија 29 милиони евра по основ на новиот модел за зголемени субвенции за тутунот. Со новиот модел за зголемени субвенции, што го воведе Владата на Република Северна Македонија, субвенциите за прва класа тутун се 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа и дополнителните класи“, се наведува во соопштението.

Од оваа 2020 година, според новиот Закон за тутунот, производи од тутунот и сродните производи, ќе се укинат евидентните листови, со што ќе се олеснат административните процедури за тутунопроизводителите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik