Ќе дотече зелена струја за 30 илјади семејства во Македонија

Bez autora
Apr 15 2014

Проектот за ревитализација на системот ХЕЦ-Маврово финишира, бидејќи до крајот на летото се очекува да биде вграден и последниот од четирите агрегати во ХЕЦ-Вруток. Со завршување на проектот за ревитализација на седумте хидроцентрали Вруток, Равен Врбен Шпиље, Тиквеш, Глобочица и Козјак, Македонија ќе добие нови 20 мегавати инсталирана моќност и дополнителни 50 гигават-часови произведена електрична енергија. Тоа во пракса би значело обезбедување на потребната количина на електрична енергија за околу 30 илјади семејства, која е произведена преку таканаречена зелена или еколошка енергија. Со вградувањето на новата технологија во ревитализацијата на седумте хидроцентрали во Македонија, според вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, ќе се намалат загубите при производството, но и ќе се добива електрична енергија по еколошки пат, што е многу значајно за животната средина во тој регион од Македонија.

Ќе дотече зелена струја за 30 илјади семејства во МакедонијаПроектот за ревитализација на системот ХЕЦ-Маврово финишира, бидејќи до крајот на летото се очекува да биде вграден и последниот од четирите агрегати во ХЕЦ-Вруток.

Со завршување на проектот за ревитализација на седумте хидроцентрали Вруток, Равен Врбен Шпиље, Тиквеш, Глобочица и Козјак, Македонија ќе добие нови 20 мегавати инсталирана моќност и дополнителни 50 гигават-часови произведена електрична енергија. Тоа во пракса би значело обезбедување на потребната количина на електрична енергија за околу 30 илјади семејства, која е произведена преку таканаречена зелена или еколошка енергија.

Со вградувањето на новата технологија во ревитализацијата на седумте хидроцентрали во Македонија, според вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, ќе се намалат загубите при производството, но и ќе се добива електрична енергија по еколошки пат, што е многу значајно за животната средина во тој регион од Македонија.

- Владата на РМ, започна низа проекти на полето на енергетиката, а еден од најзначајните е проектот за ревитализација на седумте хидроцентрали Вруток, Равен Врбен Шпиље, Тиквеш, Глобочица и Козјак. Кај сите централи се преземаат зафати со употреба на најновите технологии за да се постигне поголемо производство на електрична енергија и поголема ефикасност во искористувањето на водите - вели Пешевски.

Тој нагласи дека проектот за ревитализацијата на хидроцентралите има вредност од приближно 33 милиони евра, и е финансиран 80 проценти од германската КфВ Банка, а останатите се директно вложување на АД ЕЛЕМ.

Електрани на Македонија со буџет од 47 милиони евра подготвуваат проект со кој планираат да ја зголемат и инсталираната моќност на ХЕЦ-Шпиље преку сведување на преливните води на минимум во пролетниот период кога се најголеми дотоците во акумулацијата. Како што се вели во новата изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ за периодот 2014-2018 година преку реализирањето на оваа активност хидроелектричната централа ќе се префрли од базен режим на работа на режим на работа во периоди на врвно оптоварување. И овој проект е планирано да се финансира преку заем од КфВ Банка, а во моментов се изработува Студијата за изводливост и Студијата за влијание врз животната средина. Проектот е предвидено да се реализира за две години во 2017 и 2018 година.

Истовремено во завршна фаза се активностите за привлекување на инвеститор за изградба на големата хидроцентрала ХЕЦ-Чебрен, што директно ќе влијае врз зголемувањето на економската активност во мариовскиот регион, но и на зголемено искористување на хидропотенцијалот во Македонија. Вредноста на оваа инвестиција се проценува на 400-450 милиони евра, а инсталираната моќност на новоизградената треба да изнесува 333 мегавати при што во режим на турбина ќе има можност оваа моќност да биде и над 400 мегавати.

Предвидено е овој проект да биде реализиран како јавно приватно партнерство, односно како заедничко вложување на државната компанија ЕЛЕМ и приватен инвеститор. За негова реализација се потребни 7 години, а стартот се очекува да почне во 2015 година. Преку реализирањето на оваа инвестиција се очекува ЕЛЕМ да прерасне во сериозен учесник на регионалниот пазар на електрична енергија, но и пошироко во Југоисточна Европа.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik