Грчката "Харма Фрут" ќе инвестира шест милиони евра во Македонија

Bez autora
Apr 15 2014

Грчката компанија ’Харма Фрут’ ќе инвестира шест милиони евра во Македонија и најави изградба на центар за откуп и пакување земјоделски производи и ладилник во Гевгелија, до крајот на годинава. За плановите за работа на фирмата што ја регистрира во Македонија со името 'Агритера' грчкиот инвеститор во вторник разговараше со министерот за странски инвестиции Џери Наумоф. Одлуката за инвестирање ја донеле по консултации со Наумоф и претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 'Агритера' е изненадена од конкурентната бизнис клима што Македонија ја нуди на инвеститорите и овозможува извоз на висококвалитени земјоделски производи во Европа и пошироко, изјави министерот Наумоф. Покрај 3-те милиони евра што ќе бидат инвестирани годинава во откупниот центар, 'Агритера' планира да вложи дополнителни три милиони евра.

Грчката "Харма Фрут" ќе инвестира шест милиони евра во МакедонијаГрчката компанија ’Харма Фрут’ ќе инвестира шест милиони евра во Македонија и најави изградба на центар за откуп и пакување земјоделски производи и ладилник во Гевгелија, до крајот на годинава.

За плановите за работа на фирмата што ја регистрира во Македонија со името 'Агритера' грчкиот инвеститор во вторник разговараше со министерот за странски инвестиции Џери Наумоф. Одлуката за инвестирање ја донеле по консултации со Наумоф и претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

'Агритера' е изненадена од конкурентната бизнис клима што Македонија ја нуди на инвеститорите и овозможува извоз на висококвалитени земјоделски производи во Европа и пошироко, изјави министерот Наумоф.

Покрај 3-те милиони евра што ќе бидат инвестирани годинава во откупниот центар, 'Агритера' планира да вложи дополнителни три милиони евра.

Сопственикот на 'Агритера' Кристос Келесидис вели дека идеалната местоположба, поволните климатски услови и квалитетот на земјоделските производи биле пресудни да донесат одлука за инвестирање во Македонија.

„Сакам да се заблагодарам за гостопримството и условите за работа што ни ги овозможија. Имаме големо искуство во овој бизнис и сакаме да го смениме начинот на работа во вашата земја во земјоделството и во производството. Тука сакаме да направиме голема фабрика со која ќе бидеме конкурентни на европскиот пазар", изјави Келесидис.

'Харма фрут' е една од најголемите грчки компании за откуп на земјоделски производи со 20 годишно искуство. Своите производи ги пласира на пазарите во Еврпа, Блискиот Исток и Русија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik