Нови 50 работни места во „Kосмик дивилоупмент“ во Битола

Bez autora
Apr 24 2014

Kанадската компанија „Kосмик дивилоупмент“ ќе ги прошири своите бизнис-проекти во Македонија со отворање втора канцеларија и 50 нови работни места. Kако што соопшти компанијата, новата канцеларија се отвора за само три години, а ќе биде лоцирана во Битола. Во согласност со долгорочната стратегија, целта е да се привлечат најдобрите студенти од битолскиот регион, вклучувајќи ги Прилеп и Ресен. Оваа нова инвестиција ќе помогне да ги задржиме нашите млади професионалци во Македонија, особено во Битола и во регионот, наведува „Kосмик дивилоупмент“. „Kосмик дивилоупмент“ е меѓународна ИТ-консалтинг и бизнис-процес аутсорсинг компанија со седиште во Скопје. Се фокусира на ИТ-консалтинг, развој на софтвери и аутсорсинг услуги.

Нови 50 работни места во „Kосмик дивилоупмент“ во БитолаKанадската компанија „Kосмик дивилоупмент“ ќе ги прошири своите бизнис-проекти во Македонија со отворање втора канцеларија и 50 нови работни места.

Kако што соопшти компанијата, новата канцеларија се отвора за само три години, а ќе биде лоцирана во Битола. Во согласност со долгорочната стратегија, целта е да се привлечат најдобрите студенти од битолскиот регион, вклучувајќи ги Прилеп и Ресен.

- Оваа нова инвестиција ќе помогне да ги задржиме нашите млади професионалци во Македонија, особено во Битола и во регионот - наведува „Kосмик дивилоупмент“.

„Kосмик дивилоупмент“ е меѓународна ИТ-консалтинг и бизнис-процес аутсорсинг компанија со седиште во Скопје. Се фокусира на ИТ-консалтинг, развој на софтвери и аутсорсинг услуги. Веќе е глобално развиена со канцеларии во Торонто, Kанада, и Белград, Србија. Вклучува околу 80 вработени и брзо се развива. Обезбедува високо ниво на стручност и трансфер на знаење. Затоа, како што наведува, ќе бидат вработени најдобрите студенти на кои ќе им се обезбедат атрактивни плати со многу уникатни бенефиции.

Kлиенти на „Kосмик дивилоупмент“ се светски познати компании како „Мајкрософт“, „Јаху“ и „Универзал студиос“.

„Kосмик дивилоупмент“ најавува соработка и со Техничкиот факултет во Битола со цел одржување специјални обуки според најновите програми за усовршување практиканти кои ќе овозможат нови вработувања.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik