Потрошувачките кредити достигнаа 670 милиони евра

Bez autora
Apr 24 2014

Граѓаните најмногу бараат потрошувачки кредити, потоа доаѓаат станбените, па задолжувањата преку кредитна картичка. Автомобилските кредити, пак, се во постојан пад. Дури 670 милиони евра се одобрени од банките по основ на потрошувачки кредити. Ова го покажуваат последните податоци објавени на веб-страницата на Народна банка на Македонија. Податоците се заклучно со март годинава, и ако се направи споредба со февруари, излегува дека за само еден месец потрошувачките кредити биле зголемени за 10 милиони евра. Речиси двојно помалку пари на домаќинствата се врзани за станбени кредити, или 317 милиони евра, а за еден месец, споредено март со февруари, биле побарани станбени кредити во вкупен износ од 2,5 милиони евра. Пад има кај автомобилските кредити, за околу 700.000 евра, додека и натаму растат задолжувањата преку кредитните картички.

Потрошувачките кредити достигнаа 670 милиони евраГраѓаните најмногу бараат потрошувачки кредити, потоа доаѓаат станбените, па задолжувањата преку кредитна картичка. Автомобилските кредити, пак, се во постојан пад.

Дури 670 милиони евра се одобрени од банките по основ на потрошувачки кредити. Ова го покажуваат последните податоци објавени на веб-страницата на Народна банка на Македонија. Податоците се заклучно со март годинава, и ако се направи споредба со февруари, излегува дека за само еден месец потрошувачките кредити биле зголемени за 10 милиони евра. Речиси двојно помалку пари на домаќинствата се врзани за станбени кредити, или 317 милиони евра, а за еден месец, споредено март со февруари, биле побарани станбени кредити во вкупен износ од 2,5 милиони евра. Пад има кај автомобилските кредити, за околу 700.000 евра, додека и натаму растат задолжувањата преку кредитните картички. Заклучно со март граѓаните имаат 195 милиони евра искористени средства по основ на кредитни картички, а негативните салда се искачија на 88,7 милиони евра, и се за 3 милиони евра повисоки во март во однос на февруари.

Банкарите велат дека бројките од централната банка најточно го објаснуваат трендот на побарувачката на кредити кај населението, односно физичките лица. Од Стопанска банка Битола велат дека зголемениот интерес за потрошувачките кредити го прави конкуренцијата на банкарскиот пазар, бидејќи банките ги зголемуваат износите и рокот на овој тип на кредити. „Кај овие типови на кредити банката користи како средство за обезбедување жиранти или нотарски меници, односно не се бараат хипотеки или друг тип на залог. Износите во минатото може да се каже дека се движеа до 5.000 евра, без жиранти и со рок до 5 години, но во последните 2 години, а особено во 2014 година, овој тренд го надмина тој износ. И сега се движат и до 15.000 евра без жиранти или со еден жирант, а рокот се движи и до 96 месеци, па и 108 месеци“, велат од Стопанска банка Битола. Од таму додаваат дека станува збор за кредити со девизна клаузула за кои каматните стапки се доста поволни и се движат во просек од 7 до 8 отсто во зависност од бонитетот на клиентот, но и компанијата каде што е вработен кредитокорисникот. При тоа најчесто во почетниот период од 1-3 години каматната стапка е фиксна и пониска, а потоа се врзува за 6-месечниот Еурибор и е променлива.

„Како посебен поттип на овие потрошувачки кредити најголем интерес има за кредитите за рефинансирање на обврските на граѓаните во други банки. Потребата за овие кредити се јави поради големите обврски кои ги имаат граѓаните на кредитните картички или таканаречените инстант брзи кредити кои се со повисоки каматни стапки и пократок рок. За да може да ги намират доспеаните обврски тие се одлучуваат на консолидирање на целокупната задолженост во повеќе банки и од повеќе производи со еден тип на продукт на кредит за рефинансирање во една банка. Таквиот продукт за рефинансирање во Стопанска банка Битола е на подолг рок до 108 месеци и пониска каматна стапка која е фиксна за почетниот период и е без трошоци за одобрување кој го прави доста атрактивен на пазарот“, информираат од Стопанска банка Битола.

И во Комерцијална банка потврдуваат дека граѓаните најмногу се заинтересирани за ненаменски потрошувачки кредити. „Тие имаат поволни каматни стапки и поволни рокови на отплата, а бидејќи се ненаменски, со истите може да се задоволат повеќе различни потреби на клиентите. Каматната стапка кај најбараните потрошувачки кредити со евроклаузула е 7,65 отсто годишна променлива и истата е конкурентна и поволна. Исто така, има интерес и за станбените кредити со евроклаузула, кои се нудат со поволна годишна каматна стапка од 5 отсто фиксна во првите три години и 6,65 отсто променлива потоа, со рок на отплата до 30 години“, вели Габриела Стојановска, директор на секторот за работа со население во Комерцијална банка.

Граѓаните покрај барањата за потрошувачките кредити не се откажуваат ниту од животот на картичка. Износот во март годинава е на ниво од 195 милиони евра, слично како и во февруари, дури има минимално намалување од 270 илјади евра на искористените средства на кредитните картички, ама затоа пораснал минусот на негативните салда за 3 милиони евра. Ова покажува дека македонските граѓани не можат без кредитните картички, но дека се' повеќе трошат од минусните салда.

Добро е што банките почнаа да ги намалуваат каматите на картичките.

Од Комерцијална банка велат дека за кобрендираната револвинг-картичка „мастеркард Скопје сити мол“ банката ја намали каматната стапка на 8 отсто на годишно ниво.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik