Инвестициски бум: Топ пет странски инвестиции во Македонија до крајот на годината

Bez autora
Jul 09 2014

Македонија е пред нов инвестициски бум. До крајот на годинава во земјава треба да почнат да се градат повеќе фабрики на странски инвеститори. Дел од нив ќе почнат да работат и во веќе постоечки погони, како браунфилд инвестиции, анализира порталот Лидер. Во прилог се најголемите пет нови инвеститори, кои ја одбраа Македонија како дестинација за лоцирање на нивното производство, односно како место за правење бизнис. ВЕИБО" - текстилниот гигант ќе прави и челични профили. Текстилниот гигант ги зголеми апетитите" за земјава. Освен интегрирана текстилна зона во Ранковце, во чии рамки ќе има ткајачница, предилница, фарбара и погон за производство во делот на машката конфекција, групацијата планира да изгради и две нови фабрики за производство на челични профили, потребни во градежништвото.

Инвестициски бум: Топ пет странски инвестиции во Македонија до крајот на годинатаМакедонија е пред нов инвестициски бум. До крајот на годинава во земјава треба да почнат да се градат повеќе фабрики на странски инвеститори. Дел од нив ќе почнат да работат и во веќе постоечки погони, како браунфилд инвестиции, анализира порталот Лидер. Во прилог се најголемите пет нови инвеститори, кои ја одбраа Македонија како дестинација за лоцирање на нивното производство, односно како место за правење бизнис.

ВЕИБО" - текстилниот гигант ќе прави и челични профили. Текстилниот гигант ги зголеми апетитите" за земјава. Освен интегрирана текстилна зона во Ранковце, во чии рамки ќе има ткајачница, предилница, фарбара и погон за производство во делот на машката конфекција, групацијата планира да изгради и две нови фабрики за производство на челични профили, потребни во градежништвото.

Бројот на вработени, во период од неколку години, треба да се искачи на 5.000, иако од менаџментот на компанијата најавиле дека со новите планови, со новите две фабрики, може да биде и натфрлена првично предвидената бројка.

Изградбата на фабриката треба да почне во втората половина на годинава, а првите зделки се веќе најавени за почетокот на 2015-та.

Американската КСС (Key safety systems) годинава почнува со работа како браунфилд инвестиција во стар капацитет на ЕМО и најверојатно во уште еден запуштен погон. Паралелно, на површина од 10.000 квадратни метри ќе градат целосно нова фабрика за производство на воздушни перничиња, потребни за автомобилската индустрија. Вредноста на инвестицијата изнесува 20 милиони долари, а само во првата фаза ќе бидат отворени 1.000 работни места.

Германски ОДВ Електрик" веќе почна со скенирање кандидати за работа, а дел од нововработените ги испрати на обука надвор од земјава. Кон крајот на летото почнуваат со пробно производство, за паралелно, на 10.000 квадратни метри, да ја изградат својата нова фабрика, на потегот меѓу аеродромот Св. Апостол Павле" и селото Мислешево. Компанијата со седиште во Франкфурт, во земјава ќе произведува електрични инсталации за Порше, Мерцедес и БМВ. Инвестицијата вредна 15 милиони евра треба да отвори 1.000 работни места.

ОДВ Електрик" тргна по стапките на германски Маркард, компанијата чија фабрика се гради под полна пареа во велешко Караслари. Комплексот треба да биде готов идната година. Се работи за инвестиција од цели 35 милиони евра, која ќе донесе нови 600 вработувања.

Енергија Лимитед од Киев до крајот на годинава треба да почне со изградба на својот погон во зоната Бунарџик 2, веднаш до белгиски "Ван Хул". Планираат да вложат 18 милиони долари, во капацитет кој ќе се простира на површина од 20.000 квадратни метри, со што ќе се отворат 150 директни и уште најмалку 50 индиректни работни места.

Земјава лесно може да добие уште еден украински инвеститор. Компанијата Константиновски" врши детални геолошки истражувања на две локации во Валандово и на една во Старо Нагоричане, по што ќе одлучат дали ќе градат фабрика за преработка на бакар. Првичните информации покажале дека потенцијал има, па ако се потврдат информациите, компанијата, според најавите, ќе реализира инвестиција од 200 милиони долари и ќе отвори 500 работни места.

Глобалниот лидер во технологијата на дигитално печатење, италијански Дијатек, годинава треба да почне со изградба на својата фабрика во Бунарџик. Инвестицијата е вредна 10 милиони евра и ќе отвори 200 работни места. Во првиот квартал од годинава во земјава влегоа 87 милиони евра странски директни инвестиции, објави Народната банка. Ова е за 10 милиони повеќе, споредено со истиот период лани. Само во март, НБРМ регистрирала инвестиции вредни 30 милиони евра.

Доколку овој тренд се задржи, тогаш ќе се остварат владините проекции за годинава, според кои, 2014-та ќе ја заокружиме со околу 350 милиони евра СДИ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik