Нов систем за онлајн регистрација на залог во Централниот регистар

Bez autora
Jul 22 2014

Со цел поедноставување на административните постапки и пласирање на квалитетни услуги на бизнис заедницата но и на пошироката јавност, во вторникот во Централниот регистар на Република Македонија беше пуштен во употреба нов електронски систем за е – залог кој нуди можности за користење на современата технологија при регистрирање на залог кој е дел од втората фаза на проектот едношалтерски систем. Со овој систем, а во соработка со Нотарската комора на Република Македонија, ќе им се овозможи на корисниците скратување и поедноставување на процедурите за регистрирање залог, намалување на административните бариери, заштеда на време и средства, електронско плаќање на надомест, можност за избор за преземање потврда за упис во хартиена или електронска форма и можност за избор на контакт канцеларија.

Нов систем за онлајн регистрација на залог во Централниот регистарСо цел поедноставување на административните постапки и пласирање на квалитетни услуги на бизнис заедницата но и на пошироката јавност, во вторникот во Централниот регистар на Република Македонија беше пуштен во употреба нов електронски систем за е – залог кој нуди можности за користење на современата технологија при регистрирање на залог кој е дел од втората фаза на проектот едношалтерски систем.

Со овој систем, а во соработка со Нотарската комора на Република Македонија, ќе им се овозможи на корисниците скратување и поедноставување на процедурите за регистрирање залог, намалување на административните бариери, заштеда на време и средства, електронско плаќање на надомест, можност за избор за преземање потврда за упис во хартиена или електронска форма и можност за избор на контакт канцеларија.

„Системот е – залог е воспоставен како пандан на постојниот процес на регистрација во хартиена форма, со исклучителна разлика која се состои во можноста целокупниот процес, а се спроведе преку интернет, без потреба од физичко присуство, само со примена на дигитални сертификати како средство за идентификација на подносителот“, истакна В.Д. директорот на Централниот регистар на Република Македонија, Андреа Поповски.

Централниот регистар овој електронски систем го спроведува во соработка со Нотарската комора на Република Македонија како професионална заедница која е главен администратор на уписите во овој регистар.

„Можноста што сега ја дава централниот регистар за поднесување на пријавите за запишување залок по електронски ќе ја забрза постапката за упис на тој начин што целокупната документација потребна да се изврши уписот нотарите ќе ја достават до заложниот регистар скенирана и само во електронска форма, а веродостојноста на приложената документација во електронска форма ќе ја гарантира нотарот со својот електронски потпис. На овој начин ќе се внесе постапката до граѓаните и до правното лице кои нема да треба лично да одат во централниот регистар со што ќе се заштеди на време а ќе се зголеми и правната сигурност и позитивно ќе влијае брз бизнис климата бидејќи забрзаната постапка за упис ќе доведе до побрз пристап до кредитите кои ги одобруваат деловните банки“, истакна претседателот на нотарската комора на Република Македонија“, велат од Нотарската комора на Република Македонија .

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, истакна дека ова е уште еден проект со кој преку воведување на нова технологија се создава можност целокупниот процес на регистрирање на залогот и плаќањето на надоместокот да се направи по електронски пат преку интернет со што ќе се скратат редовите на шалтер, ќе се заштеди времето на корисниците на услугите, ќе се подобри квалитетот на услугата, а со тоа се олесни и водењето на бизнисот.

„Централниот регистар е фокусна точка во нашите заложби за подобрување на бизнис климата во Македонија. Со активните мерки и проекти кои ги реализиравме Македонија во извештаите на ДУИНГ бизнис за 2014 година котира на високото 25 место. Една од клучните компоненти на оваа висока оценка е рангирањето во сегментот стартување на бизнис каде што главниот акцент паѓа врз работата на Централниот регистар и каде Македонија за 2014 година е рангирана на седмата позиција од вкупно 189 земји во светот. За ваквото рангирање доведоа многубројните мерки, иновации и реформи што ги спроведе Централниот регистар во изминатите години меѓу кои се вбројуваат системот за „онлајн“ внесување на годишни сметки, проектот „регистрационен агент“, системот за „издавање на електронски потврди“, системот за„ регистрација во трговскиот регистар и регистарот на други правни лица“, апликацијата за „е – стечај“ и „е – аукција“ и системот за „спас на податоци“ кој е сместен во Штип. Во иднина централниот регистар ќе спроведува нови вакви мерки и иновации, а меѓу нив се и проектот за воведуање на „електронски систем за регистрација на лизинг“, проектот за воведување на „систем за фер и правична распределба на стечајните постапки“, проект за воведување на „тендерско досие“ и проект за воведување на опција за „проверка на услуги и податоци за фирми со поддршка на англиски јазик“, истакна Груевски.

Тој нагласи дека вредноста на проектот изнесува 250 илјади евра, а со него ќе се обезбеди повеќе време во корист на квалитетот на работата, односно намалувањето на грешките и недостатоците на минимум при внесување на податоците.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik