Најголеми извозници странците, најсигурен партнер Германија

Bez autora
Jul 23 2014

„Џонсон Мети“, „Фени индустри“, „Југохром фероалојс“, „Саса“, „Бучим“ – ова се петте компании кои во 2013 година оствариле најголем извоз од Македонија, покажуваат податоците на Централниот регистар. Сите пет компании на листата најголеми извозници се во сопственост на странски инвеститори. Притоа, извозот од компаниите во слободните економски зони драстично се зголемува. Во првите шест месеци од годината од ТИРЗ е остварен извоз од над 550 милиони евра, што е двојно повеќе во споредба со истиот период лани. До крајот на годината, според прогнозите на македонските власти, извозот од зоните се очекува да достигне вредност од над 1 милијарда евра. Фабриката на „Џонсон Мети“ во Бунарџик е рекордер, односно е на прво место на листата и кај најголемите увозници и кај најголемите извозници во државата. Останатите на листата увозници се енергетските компании, „Окта“, „Лукоил“, „ЕФТ Македонија“ и ЕЛЕМ.

Најголеми извозници странците, најсигурен партнер Германија„Џонсон Мети“, „Фени индустри“, „Југохром фероалојс“, „Саса“, „Бучим“ – ова се петте компании кои во 2013 година оствариле најголем извоз од Македонија, покажуваат податоците на Централниот регистар.

Сите пет компании на листата најголеми извозници се во сопственост на странски инвеститори. Притоа, извозот од компаниите во слободните економски зони драстично се зголемува. Во првите шест месеци од годината од ТИРЗ е остварен извоз од над 550 милиони евра, што е двојно повеќе во споредба со истиот период лани. До крајот на годината, според прогнозите на македонските власти, извозот од зоните се очекува да достигне вредност од над 1 милијарда евра.

Фабриката на „Џонсон Мети“ во Бунарџик е рекордер, односно е на прво место на листата и кај најголемите увозници и кај најголемите извозници во државата. Останатите на листата увозници се енергетските компании, „Окта“, „Лукоил“, „ЕФТ Македонија“ и ЕЛЕМ.

И бројките на Државниот завод за статистика покажуваат дека лани во извозот најголемо учеството имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, потоа фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта.

Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и моторните возила за превоз на лица. Лани вкупната вредност на извозот на стоки од земјава изнесуваше 4,3 милијарди долари, а на увозот 6,6 милијарди долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 64,7 отсто, а трговскиот дефицит изнесуваше 2,3 милијарди долари.

Состојбата во однос на увозот и извозот на стоки по производи е непроменета и во текот на оваа година.

Според статистиката, вкупната вредност на извозот на стоки од

Македонија во периодот јануари - мај 2014 година изнесува 1,9 милијарди американски долари, а на увозот 2,9 милијарди долари. Трговскиот дефицит изнесува 1 милијарди долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, феросилициумот, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Најголема трговска размена земјава остварува со Германија, дури 1,1 милијарда долари, од кои на извоз отпаѓаат 813 милиони долари, а на увоз 329 милиони долари. Со Велика Британија размената е 415 милиони долари, од нив на извоз отпаѓаат само 26 милиони долари, а на увоз 388 милиони долари. Трет партнер е Грција со вкупен обем на размена од 382 милиони долари, при што извозот е 96 милиони долари, а увозот 285 милиони долари. Околу 285 милиони долари е вкупната размена со Србија, а со Косово 104 милиони долари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik