„Монтанте груп“ ќе инвестира 10 милиони евра во фабрика за амортизери

Bez autora
Jul 27 2014

Италијанската мултинационална компанија „Монтанте груп“ есенва ќе започне градба на фабрика во ТИРЗ Скопје 1 за производство на амортизери за возови, шински возила, автобуси и тешки возила. Првичната инвестиција ќе изнесува околу 10 милиони евра, а објектот во кој ќе се вработат 100 лица треба да биде готов најдоцна за една година од почетокот на градбата. Kомпанијата веќе е во фаза на склучување договори за две локации во ТИРЗ Скопје 1, на кои првично ќе се изгради еден објект, а во подоцнежната фаза, како што рече сопственикот Монтанте, се планира тројно, па и четирикратно зголемување на капацитетите.

„Монтанте груп“ ќе инвестира 10 милиони евра во фабрика за амортизериИталијанската мултинационална компанија „Монтанте груп“ есенва ќе започне градба на фабрика во ТИРЗ Скопје 1 за производство на амортизери за возови, шински возила, автобуси и тешки возила. Првичната инвестиција ќе изнесува околу 10 милиони евра, а објектот во кој ќе се вработат 100 лица треба да биде готов најдоцна за една година од почетокот на градбата.

Kомпанијата веќе е во фаза на склучување договори за две локации во ТИРЗ Скопје 1, на кои првично ќе се изгради еден објект, а во подоцнежната фаза, како што рече сопственикот Монтанте, се планира тројно, па и четирикратно зголемување на капацитетите.

„Монтанте груп“ е мултинационална италијанска компанија со 2.300 вработени и годишен обрт од 800 милиони евра. Нејзиното седиште е во близина на Торино, Италија, а со можностите за инвестирање во Македонија биле запознаени на минатогодишното владино роуд-шоу во Италија.

- Не е тајна дека пред да дојдеме во Македонија бевме и во соседните држави, но Македонија ни понуди најдобри услови за инвестирање и затоа токму тука се одлучивме да ја отвориме нашата фабрика. Не станува збор за дислоцирање на постојна фабрика, туку во Македонија ќе градиме целосно нов капацитет - рече Монтанте.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik