Секој десетти вработен во потрага по нова работа за поголема плата

Bez autora
Jul 29 2014

Безмалку секој петти вработен во државата зема плата меѓу 12.000 и 16.000 денари, а речиси секој шести месечно заработува од 10.000 до 12.000 денари. Од вкупно 678.838 вработени во државата, колку што регистрирал Државниот завод за статистика (ДЗС) лани, примања меѓу 12.000 и 16.000 денари имале 120.140, додека на близу 110.000 работници на сметките како нето-плата им биле уплатувани меѓу 10.000 и 12.000 денари. Натпросечната плата според ДЗС имале 9,6% вработени кои примале меѓу 20.001 и 25.000 денари, 3,6% со примања меѓу 25.000 и 30.000 денари, 2% со примања над 30.000 денари и само 1,4% со повеќе од 40.000 денари. ДЗС открива дека 1.968 работници, што е 0,3% од вкупниот број вработени лани останале без плата по неколку месеци.

Секој десетти вработен во потрага по нова работа за поголема платаБезмалку секој петти вработен во државата зема плата меѓу 12.000 и 16.000 денари, а речиси секој шести месечно заработува од 10.000 до 12.000 денари. Од вкупно 678.838 вработени во државата, колку што регистрирал Државниот завод за статистика (ДЗС) лани, примања меѓу 12.000 и 16.000 денари имале 120.140, додека на близу 110.000 работници на сметките како нето-плата им биле уплатувани меѓу 10.000 и 12.000 денари.

Натпросечната плата според ДЗС имале 9,6% вработени кои примале меѓу 20.001 и 25.000 денари, 3,6% со примања меѓу 25.000 и 30.000 денари, 2% со примања над 30.000 денари и само 1,4% со повеќе од 40.000 денари. ДЗС открива дека 1.968 работници, што е 0,3% од вкупниот број вработени лани останале без плата по неколку месеци.

Анализите на Народна банка на Македонија, пак, покажуваат дека со плата под просекот во државата се околу 60% од вработените, а просечни и натпросечни примања имаат само 16,7%. Повисоките плати и понатаму остануваат резервирани за мажите. На пример, од оние со највисоките примања кои надминуваат 40.000 денари 80,8% се мажи и само 12,2% жени. Понежниот пол има најголемо учество во платите од 8.000 до 10.000 денари, додека пак мажите се доминантни кај примањата од 12.000 до 16.000 денари.

Токму незадоволството од платите е главната причина поради која секој десетти работник во државата сака да го смени работното место. Од нешто над 60.000 работници кои бараат нова работа, за скоро 41.000 причина за таквата одлука е токму подобрата заработувачка, како и транспортот до работното место, а околу 7.500 си бараат работа соодветна на образованието. Во државата се регистрирани 60.889 неплатени семејни работници, од кои со намера да си обезбедат подобри услови за работа, пред се плата, околу 2,5 илјади бараат ново работно место. Од 19,5 илјади вработени на сопствена сметка над 13.000 исто така си бараат нова работа за подобра плата. Нешто поинакви мотиви имаат само вработените со факултетски дипломи. Од 9,5 илјади со високо образование кои сакаат да направат трансфер во друга фирма една третина се во потрага по работа соодветна на образованието, а нешто помалку сакаат промена за повисока плата. Во групата работници со високо образование кои сакаат нова работа две третини се жени.

Меѓу вработените во државата најбројни се на возраст од 30 до 34 години, кои ги има над 96.000. Следуваат лицата на возраст од 45 до 49 години, кои исто така ги има над 90.000, па на возраст од 40 до 44 години. Пред пензија, на возраст од 60 до 64 години се скоро 30.000 работници, а над 65 години имаат близу 6.000 лица во работен однос. Средното образование е најзастапено меѓу вработените (374.835), а најголемиот дел од нив имаат од 45 до 49 години. Во работен однос се 127.974 лица со високо образование. Високообразованиот кадар во македонските компании е комплетно подмладен, зашто повеќе од половината од нив се на возраст од 25 до 39 години. Во компаниите и институциите во државата работат повеќе жени отколку мажи со високо образование.

Додека вработените се во потрага по повисоки плати, невработените трагаат по работа. Од вкупно 227.219 невработени евидентирани на крајот на минатата година, повеќе од половината, или околу 170.000 не можат да најдат работа повеќе од четири години. Над 23.000 се евидентирани како невработени три години.

Невработеноста е најизразена кај младите. На возраст од 25 до 29 години невработени се над 50.000 лица, од кои повеќе од 13.000 чекаат работа над четири години. Во армијата невработени се и по 40.000 на возраст од 20 до 24 години и на возраст од 30 до 34 години. Подолго од четири години не можат да најдат работа и околу 10.000 лица на возраст од 60 до 64 години.

Од младите се регрутира најголемиот дел од активното население во државата, но исто така, кај нив има и најголема стапка на невработеност. Растечката невработеност кај младите, особено во периодот на криза е закана не само за Македонија, туку за цела Европа. Директорката на (ММФ), Кристин Лагард оваа ситуација ја оценува како трагична и предупредува дека во континентот се ризикува да се жртвува оваа генерација, да не успее да го задржи своето место во светската економија.

- Невработеноста меѓу младите во земјите од ЕУ е трагична. Сите истражувања покажуваат дека еден млад невработен кој нема да успее да најде работа до зрелата возраст, губи доверба во својот талент и во способноста да апсорбира нови таленти и вработување во иднина - изјави неодамна Лагард оценувајќи дека Европа зависи од таа генерација и затоа треба да преземе конкретни чекори за намалување на невработеноста кај младите.

За овие факти е свесна и македонската Влада, па токму затоа нејзините мерки за вработување главно се фокусирани на зголемување на вработеноста кај младата популација. Со кредити и грантови за самовработување, бенефиции и субвенции за компаниите кои ќе ангажираат млади засега Владата успева да ја ублажи невработеноста кај младите, вклучувајќи ги и оние кои излегле од факултетските клупи, за кои има посебни решенија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik