Малите бизниси со промет над милион денари стануваат ДДВ обврзници

Bez autora
Jul 29 2014

Фирмите од услужниот сектор кои остваруваат годишен вкупен промет над еден милион денари, односно 16.000 евра од 1 јануари следната година ќе треба да се регистрираат за плаќање данок на додадена вредност. Со измени на Законот за додадена вредност кои се во Собранието на прво читање и денес треба да се најдат пред пратениците, двојно се намалува лимитот за станување ДДВ обврзник, од сегашните два на еден милион денари. Според образложението на измените, со ваквото решение ќе се зголеми бројот на даночните обврзници кои ќе имаат законска обврска за регистрација за цели на данокот на додадена вредност, а тоа ќе придонесе за намалување на бројот на субјектите кои не пресметуваат ДДВ, а чија дејност овозможува повисока додадена вредност, како на пример услужните дејности.

Малите бизниси со промет над милион денари стануваат ДДВ обврзнициФирмите од услужниот сектор кои остваруваат годишен вкупен промет над еден милион денари, односно 16.000 евра од 1 јануари следната година ќе треба да се регистрираат за плаќање данок на додадена вредност. Со измени на Законот за додадена вредност кои се во Собранието на прво читање и денес треба да се најдат пред пратениците, двојно се намалува лимитот за станување ДДВ обврзник, од сегашните два на еден милион денари.

Според образложението на измените, со ваквото решение ќе се зголеми бројот на даночните обврзници кои ќе имаат законска обврска за регистрација за цели на данокот на додадена вредност, а тоа ќе придонесе за намалување на бројот на субјектите кои не пресметуваат ДДВ, а чија дејност овозможува повисока додадена вредност, како на пример услужните дејности.

- Се очекува со ова решение да се обезбеди зголемување на лојалната конкуренција на пазарот - се наведува во образложението на измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност.

Исто така, со овие измени и дополнувања се воведува и издавање електронска фактура, која покрај хартиената ќе почне да се применува до 1 март 2015 година. Со нејзиното издавање треба да се согласи примателот на доброто или корисникот на услугата.

Даночните обврзници добиваат задача да обезбедуваат читливост, автентичност на потеклото и интегритет на содржината на фактурата за целиот период на нејзината актуелност, односно од моментот на издавањето до завршување на рокот за чување.

Се предлага и укинување на пренесувањето на даночната обврска при промет на недвижнини во извршна или постапка на присилна наплата со јавно наддавање.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik