Две нови слободни индустриски зони ќе никнат во Берово и Виница

Bez autora
Jul 30 2014

Две нови индустриски зони ќе се отворат во источниот дел на земјава. Берово и Виница ќе бидат новите зони во кои ќе се привлекуваат странските инвестиции. Во текот на август ќе се распише постапка за изнаоѓање на економски оператор кој ќе ги изгради двете зони. За нив се обезбедени еден милион евра. Како што информираше портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев, оваа одлука ја донела Владата на последната седница. Зоната во Виница, ќе биде лоцирана во месноста викана Поповец на 4 до 5 километри од градот и ќе се протега на површина од 20 хектари. ТИРЗ-Берово, пак, ќе биде на регионалниот пат Берово-Дабиле на јужниот излез од градот и ќе зафаќа површина од околу 17 хектари.

Две нови слободни индустриски зони ќе никнат во Берово и ВиницаДве нови индустриски зони ќе се отворат во источниот дел на земјава. Берово и Виница ќе бидат новите зони во кои ќе се привлекуваат странските инвестиции.

Во текот на август ќе се распише постапка за изнаоѓање на економски оператор кој ќе ги изгради двете зони. За нив се обезбедени еден милион евра. Како што информираше портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев, оваа одлука ја донела Владата на последната седница.

Зоната во Виница, ќе биде лоцирана во месноста викана Поповец на 4 до 5 километри од градот и ќе се протега на површина од 20 хектари. ТИРЗ-Берово, пак, ќе биде на регионалниот пат Берово-Дабиле на јужниот излез од градот и ќе зафаќа површина од околу 17 хектари.

- Се очекува во текот на август да бидат распишани постапки (два посебни тендера) за изнаоѓање на економски оператор, односно компанија која ќе биде задолжена да ги изгради зоните во Виница и Берово, истакна Ѓорѓиев.

Тој посочи дека во септември се очекува да почнат градежните активности во зоните, а најдоцна до крајот на годинава да заврши првата фаза од изградбата на ТИРЗ-Виница и ТИРЗ-Берово и да се создадат услови да можат да се привлекуваат странски компании во рамки на зоните.

- Со нивната изградба се врши диверзификација на можностите и условите за привлекување странски компании и нивно лоцирање во источниот дел од Република Македонија што ќе биде од големо значење за локалниот економски развои и за зголемување на вработеноста. За завршетокот на првата фаза од градбата на двете зони се предвидени еден милион евра или по околу 500 илјади евра за секоја посебно. Добро е македонските компании да земат учество на овие тендери и да се здобијат со можност да се вклучат во изградбата доколку ги исполнуваат условите, рече Ѓорѓиев.

Во текот на наредниот месец, нагласи, се очекува да почнат градежните активности за изградба на ТИРЗ-Струга на површина од 30 хектари и ТИРЗ-Радовиш со околу 10 хектари, на која, како што рече, ќе биде поставен камен-темелник во текот на следните неколку дена. Во текот на минатата недела е распишан и тендер за избор на компанија која ќе ги изврши градежните активности за изградба на ТИРЗ-Ранковце која се протега на 40 хектари.

- Со основањето на ТИРЗ-Берово и ТИРЗ-Виница и фазите за нивен почеток за градба и со почетокот на градба на ТИРЗ-Радовиш и ТИРЗ-Струга, како и со објавата на тендерот за изградба на ТИРЗ-Ранковце веќе се заокружуваат 14 ТИРЗ од вкупно 15-те предвидени во Програмата за работа на Владата. Петнаесеттата зона, која треба да биде лоцирана во Делчево, се очекува да биде комплетирана до крајот на годинава, односно да биде донесена одлуката за основање на ТИРЗ-Делчево, да биде објавен тендер, да се избере компанија и да се отпочне со градба. До крајот на првиот квартал од идната година се очекува да биде завршена и првата фаза од ТИРЗ-Делчево, рече владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik