Десет пати повеке се увезуваат стари отколку нови автомобили

Bez autora
Aug 19 2014

Граѓаните и понатаму повеќе купуваат стари возила отколку нови, иако продажбата и на едните и на другите - опаѓа. Официјалните податоци покажуваат дека продолжува тенденцијата на раст на увозот на употребувани автомобили, за сметка на опаѓање на увозот на нови возила. Тоа се случува во континуитет од крајот на март 2010 година кога се донесоа законските измени со кои значително се олеснија процедурите и се намалија давачките за увоз на половни автомобили од странство. Така, според најновите податоци од Царинската управа, од почетокот на годинава се увезле само 1.854 нови, а дури 14.998 употребувани возила. Разликите меѓу увезените нови и стари коли се огромни и растат од месец во месец и од година во година, во корист на половните возила...

Граѓаните и понатаму повеќе купуваат стари возила отколку нови, иако продажбата и на едните и на другите - опаѓа. Официјалните податоци покажуваат дека продолжува тенденцијата на раст на увозот на употребувани автомобили, за сметка на опаѓање на увозот на нови возила. Тоа се случува во континуитет од крајот на март 2010 година кога се донесоа законските измени со кои значително се олеснија процедурите и се намалија давачките за увоз на половни автомобили од странство.

Така, според најновите податоци од Царинската управа, од почетокот на годинава се увезле само 1.854 нови, а дури 14.998 употребувани возила. Разликите меѓу увезените нови и стари коли се огромни и растат од месец во месец и од година во година, во корист на половните возила. Ако на крајот на минатата година во државава се увезле вкупно 35.157 патнички автомобили, од нив 29.560 биле употребувани, во 2012 година соодносот нови спрема стари возила бил 4.021 - 28.546, во 2011 година 5.795 - 34.326, а на крајот на 2010 година, кога почнаа да важат законските измени, биле увезени 7.183 нови возила наспрема 51.399 употребувани. Со тоа, продажбата на нови автомобили во 2010 година беше падната за дури 28,47 отсто во однос на 2009 година. 

Очигледно, станува се' понедостижен „бумот“ од продажбата што ја имаа домашните импортери во 2009 година од увозот на новите 10.574 возила, наспрема 2.944 стари.

Поради падот на продажбата на нови коли овластените импортери се соочуваат со проблеми во своето работење, за кои не сакаат да зборуваат јавно. А, како што е веќе познато, пред два месеца клуч на врата стави компанијата „Маккар“, која беше официјален увозник за автомобилите на БМВ во земјава. Импортерите неофицијално коментираат дека законските поволности за увоз на половни автомобили од 2010 година се едни од главните причини за падот на продажбата, а дополнителен удар беше економската криза што се одрази врз животниот стандард.

Истовремено, поради преплавеноста на пазарот со увезени половни возила, а слабиот интерес за купување, многу е намалена и нивната продажба, велат сопствениците на плацеви. Дополнително, голем дел од возилата донесени од западноевропските земји, Германија, Словенија, Италија или соседна Бугарија, се нудат на продажба на интернет или на печатените огласи. 

„Во овој бизнис сум неколку години, но се' потешко оди работата, без оглед на тоа што цената на половните е многу пониска отколку на новите возила. Порано имав два плаца со автомобили, а сега продавам многу помалку и тоа од дворот од дома. Факт е дека граѓаните имаат се' помалку пари, а пазарот е презаситен со понуда на стари возила. Најмногу се бараат помали автомобили, со мала потрошувачка, пред се' германски кои чинат до 3.000 евра“, вели дилер на половни автомобили, кој посочува дека продажбата е речиси двојно поголема од пред некоја година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik