Македонските градежници се враќаат на странските пазари.

Bez autora
Aug 21 2014

Македонските градежници се враќаат на странските пазари. Така барем покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), според кои градежните компании во првата половина од годината договориле работа во странство за 27,7 проценти повеќе отколку во истиот период лани, односно имаат ангажман за нешто повеќе од шест милијарди денари. Притоа, македонската оператива извршила градежни работи речиси за половина повеќе отколку претходно. Поточно, според ДЗС, биле извршени градежни работи во вкушна вредност од 616.615.000 денари, или околу 10 милиони евра, што е за 41,8 отсто повеќе од првите шест месеци во 2013 година...

Македонските градежници се враќаат на странските пазари. Така барем покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), според кои градежните компании во првата половина од годината договориле работа во странство за 27,7 проценти повеќе отколку во истиот период лани, односно имаат ангажман за нешто повеќе од шест милијарди денари.

Притоа, македонската оператива извршила градежни работи речиси за половина повеќе отколку претходно. Поточно, според ДЗС, биле извршени градежни работи во вкушна вредност од 616.615.000 денари, или околу 10 милиони евра, што е за 41,8 отсто повеќе од првите шест месеци во 2013 година. 

Но, прилично повисокиот процент на извршени градежни работи во однос на истиот период минатата година не значи и зголемен ангажман на македонските градежници во странство, бидејќи извршените работи во првото полугодие се однесуваат на договори склучени во претходниот период. Од друга страна, пак, станува збор за извршени работи во вкупна вредност од околу 10 милиони евра, што, објективно е малку.

Оптимизам влева вредноста на новата договорена работа, која изнесува 100 милиони евра. Тоа е далеку од добра бројка во градежништвото, но, сепак, е сигнал дека до крајот на годината процентот може да биде уште поголем. Она што е особено важно е колку нови договори се склучени, за каква работа се однесуваат, колку работници ќе бидат ангажирани... 

Колку се реални ваквите бројки и кои се пазарите каде што македонските градежни работници ги бележат овие податоци? Кој се' од Македонија е кадарен да учествува, а уште повеќе и да добие некој странски тендер?

Според Државниот завод за статистика, во првите шест месеци од оваа година биле извршени повеќе градежни работи во Италија, Холандија, Швајцарија, Бугарија и Босна и Херцеговина. Факт е дека освен „Гранит“, во Македонија нема друга градежна фирма која би можела рамноправно да се носи со европските компании и да биде конкурентна на европската берза. Токму „Гранит“ во април годинава објави дека потпишал договори во вкупна вредност од над 190 милиони евра. Имено, оперативата на „Гранит“ е ангажирана на изградба на автопати во Босна и Херцеговина. Последниот договор во висина од 158 милиони евра се однесува на изградба на делницата Бања Лука - Прњавор од автопатот Бања Лука - Добој. Македонската компанија учествува со 40 проценти од вредноста на договорот и за извршените работи во наредните три години ќе и' бидат исплатени 63,2 милиона евра. Договорот е потпишан со Јавното претпријатие Автопатишта на Република Српска. „Гранит“ е присутен во Босна и Херцеговина од 2012 година. Во Република Српска веќе работи на изградба на автопатската делница од Прњавор до Добој, во должина од 37 километри.

Од Стопанската комора очекуваат со ангажманот на „Гранит“ на неколку странски пазари да има уште поголемо зголемување на вредноста на договорената и извршена работа. Од таму велат дека е добро што македонското градежништво бележи се' повеќе активности, иако, реално гледано, во високиот процент на зголемена вредност на извршени работи има голема улога ангажманот на работната рака на нашите фирми и тоа претежно како подизведувачи на други странски фирми. Сепак, и тоа е добар знак, особено ако се има во предвид фактот дека кризата во Европа поминува, па е реално да се очекува не само заживување, туку и интензивирање на градежништвото.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik