Tендер за гасификација на градовите во македонија

Bez autora
Aug 31 2014

Следната недела ќе биде објавен тендерот за изградба на дистрибутивната мрежа на природен гас за другите два региона во Македонија. Претходно, беше објавен тендер за изградба и на скопскиот регион. Тендерот ќе се однесува на регионот што ги опфаќа Централна и Источна Македонија и инвестицијата предвидена за него е околу 28 милиони евра и регионот во кој припаѓаат Западна Македонија и Пелагонија, за кој инвестицијата би била 23 милиони евра. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески информира дека јавниот повик ќе трае 60-ина дена и ќе биде објавен во официјалното гласило на Европската Унија, Бирото за јавни набавки и „Фајнешел тајмс“, а ќе биде доставен и до економските промотори.

Следната недела ќе биде објавен тендерот за изградба на дистрибутивната мрежа на природен гас за другите два региона во Македонија.

Претходно, беше објавен тендер за изградба и на скопскиот регион. Тендерот ќе се однесува на регионот што ги опфаќа Централна и Источна Македонија и инвестицијата предвидена за него е околу 28 милиони евра и регионот во кој припаѓаат Западна Македонија и Пелагонија, за кој инвестицијата би била 23 милиони евра.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески информира дека јавниот повик ќе трае 60-ина дена и ќе биде објавен во официјалното гласило на Европската Унија, Бирото за јавни набавки и „Фајнешел тајмс“, а ќе биде доставен и до економските промотори.

Дистрибутивната мрежа ќе биде изградена со јавно-приватно партнерство, но за разлика од тендерот за скопскиот регион, во јавниот повик за овие два региона условите се намалени за да се пријават голем број компании.

- Нашата цел е гасификација на целата држава. Веќе е почната постапката во скопскиот регион, кој опфаќа 17 општини и продолжување во другите 63 општини, односно 37-те општини од Централна и Источна Македонија и 26-те општини од Западна Македонија и пелагонискиот регион - истакна Јанакиески. 

Kомпаниите што се заинтересирани да учествуваат на тендерот треба да имаат искуство во изградбата и работата со системи за природен гас, системите за гас да имаат најмалку 7.000 корисници, а минималниот годишен приход на компанијата во последните три години треба да биде 20 милиони евра. 

Kомпаниите што ќе ги исполнат условите утврдени во тендерот, ќе преминат во втората фаза.

Приватниот партнер има обврска во рок од четири години да изгради најмалку 70 проценти од предвидената мрежа, при што 51 процент во приоритетните општини. 

Приоритетни општини во Централна и Источна Македонија се Велес, Штип, Радовиш, Kочани, Kавадарци, Гевгелија и Прилеп, а во Западна Македонија и Пелагонија приоритетни се Битола, Ресен, Охрид, Струга, Kичево, Гостивар и Тетово. 

Со воведувањето на дистрибутивната мрежа за природен гас, се очекува намалување на трошоците за граѓаните од 25 до 45 проценти без разлика кој енергент го користат.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik