Рускиот пазар гладен и за македонските кондиторски производи

Bez autora
Sep 02 2014

Овошје, зеленчук, конзервирани производи, но и вино и кондиторски производи се само дел од она што македонската економија може да го понуди на рускиот пазар. Македонскиот земјоделско-прехранбен сектор мора да ги искористи можностите за поголем извоз на овој пазар по санкциите што на 7 август ги воведе оваа држава кон Европската Унија, САД, Kанада, Норвешка и Австралија, апелираат од Стопанската комора на Македонија. Тоа е голем пазар кој бара многу повеќе и кој може да плати, а од Македонија овој сектор може да даде многу повеќе во однос на тоа што веќе го извезуваме, вели Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија. Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора укажува дека Македонија на рускиот пазар може да понуди овошје, зеленчук и преработки од нив, вино, лекови.

Рускиот пазар гладен и за македонските кондиторски производиОвошје, зеленчук, конзервирани производи, но и вино и кондиторски производи се само дел од она што македонската економија може да го понуди на рускиот пазар. Македонскиот земјоделско-прехранбен сектор мора да ги искористи можностите за поголем извоз на овој пазар по санкциите што на 7 август ги воведе оваа држава кон Европската Унија, САД, Kанада, Норвешка и Австралија, апелираат од Стопанската комора на Македонија.

- Тоа е голем пазар кој бара многу повеќе и кој може да плати, а од Македонија овој сектор може да даде многу повеќе во однос на тоа што веќе го извезуваме - вели Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија.

Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора укажува дека Македонија на рускиот пазар може да понуди овошје, зеленчук и преработки од нив, вино, лекови. Тука спаѓаат и кондиторските производи за кои, нагласува, во овој момент се отвора голема можност бидејќи голем дел од нив во Руската Федерација беа увезувани од земјите што сега се под санкции. За свежи овошје и зеленчук веќе има договори кои се реализираат на терен. - Санкциите се во сила неполн месец, интересот од руските компании е зголемен и во овој момент најважните за нас е што има доста побарување на свежо овошје и зеленчук, а пред с` сега се актуелни грозјето и праската кои се извезуваат многу повеќе од вообичаеното - вели Бешлиев.

Според него, Македонија има преференцијален статус за одредени производи кој изнесува 25 проценти од висината на декларираната царина во Руската Федерација. До Руската Федерација е доставена нова листа на производи за што би требало да има намалување на царината.

- Kако македонска страна бараме да бидат намалени и се надеваме дека во преговорите што се водат меѓу владините комисии ќе се успее да се воведе тоа и да се намалат царините. Производите се дефинирани пред 15-ина години, а листата со преференции би рекол дека за нас е нефункционална. Токму поради тоа минатата година се изготви нова листа од страна на РМ и е доставена. Тука влегуваат комплетно сите производи од прехранбениот и секако дел од фармацевтскиот и индустрискиот сектор - вели Бешлиев.

Најмногу извезуваме лекови

Македонско-руската трговска размена, како што информира Ристовски, минатата година достигна 195 милиони американски долари, со извоз од Македонија од 31,5 милиони долари, а увоз од Русија од 136,6 милиони долари. Во земјоделско прехранбениот сектор извозот е 9,6 милиони од кои половината отпаѓа на овошје со износ од 4,8 милиони долари, по кое следат грозјето со 1,8 милион долари, виното со 1,4 милион и зеленчукот со 1,2 милион долари. Генерално во целокупниот извоз доминираат лековите со 10,5 милиони долари, потоа производи од машинската индустрија 7,3 милиони долари.

Во делот на увозот најголем дел отпаѓа на енергентите - 116 милиони долари, металургијата - 7,1 милион долари и минералните суровини.

Во првата половина од годината Македонија има извезено земјоделско прехранбени производи за два милиони долари повеќе, односно за 17,3 проценти, а увозот е намален за 67 проценти. Од земјоделската и прехранбената индустрија извезени се производи во износ од 3,7 милиони долари, од кои најмногу зеленчук - 2,3 милиона долари, овошје од 1,1 милион долари и вино од околу 500 илјади долари.

Во првите шест месеци од годинава Русија е 10 трговски партнер на Македонија, а на годишно ниво според податоците за 2013 година е на 13 место.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik