Раст на економијата во вториот квартал од 4,3 отсто

Bez autora
Sep 14 2014

Македонската економија во вториот квартал од годинава пораснала за 4,3 отсто, јави денеска Државниот завод за статистика. Најголем двигател на овие позитивни статистички податоци е личната потрошувачка и инвестициите, велат од статистика, од каде што информираа дека е променета методологијата за пресметка на бруто-домашниот производ и дека сега биле вклучени поголем број податоци од досегашните анализи (истражување и развој на компаниите во вид на инвестиции, трошоци за службени возила, бонуси, примања на членови на управни одбори...). Кварталните податоци за бруто-домашниот производ во ова соопштение се подготвени според методологијата Европски систем на сметки (ЕСА 2010), а како резултат на спроведената ревизија на годишните податоци според оваа методологија. Серијата на податоци по постојани цени е прикажана со референтна 2005 година и по цени од претходна година.

Раст на економијата во вториот квартал од 4,3 отстоМакедонската економија во вториот квартал од годинава пораснала за 4,3 отсто, јави денеска Државниот завод за статистика.

Најголем двигател на овие позитивни статистички податоци е личната потрошувачка и инвестициите, велат од статистика, од каде што информираа дека е променета методологијата за пресметка на бруто-домашниот производ и дека сега биле вклучени поголем број податоци од досегашните анализи (истражување и развој на компаниите во вид на инвестиции, трошоци за службени возила, бонуси, примања на членови на управни одбори...).

Кварталните податоци за бруто-домашниот производ во ова соопштение се подготвени според методологијата Европски систем на сметки (ЕСА 2010), а како резултат на спроведената ревизија на годишните податоци според оваа методологија. Серијата на податоци по постојани цени е прикажана со референтна 2005 година и по цени од претходна година.

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ за второто тримесечје од 2014 година изнесува 4,3 отсто, се вели во соопштението.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2014 година, номинално расте за 2,5 отсто, а нејзиното учество во струкурата на бруто-домашниот производ изнесува 73,7 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 14,2 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 10,7 отсто.

Дел од експертите велат дека растот на БДП е охрабрувачки податок, кој понатаму ќе генерира ново зголемување на растот во земјава. Некои од нив не исклучуваат растот во вториот квартал да се должи и на зголемената потрошувачка, како резултат на исплатените позначајни суми на субвенции.

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на економски раст во земјава во првиот квартал сега е ревидирана на 3,5 отсто, откако во претходното соопштение таа беше на ниво од 3,9 отсто.

Во Заводот за статистика денеска објаснија зошто се прават ревизии на податоците. Според статистичарите, кога ги прават пресметките за кварталните податоци за растот на БДП, тие се' уште ги немаат финансиските показатели, кои се добиваат од завршните сметки на фирмите, туку ги имаат само расположивите индикатори за тој квартал. Такви се, на пример, податоците за индустриското производство, за земјоделското производство, анкетите за градежната активност, за вредноста на транспортот и слично. Затоа, всушност, станува збор за процени и се' уште непрецизни податоци. Тие потоа, како што стигнуваат порелевантни показатели, се ревидираат.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik