Во октомври пријавување за ЦЕМТ-дозволи

Bez autora
Sep 15 2014

Од 10 до 15 октомври ќе започне пријавување по електронски пат за распределба на годишните ЦЕМТ-дозволи за 2015 година, истакна вчера на прес-конференција министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Трговските друштва кои имаат лиценци за јавен превоз на стоки за сите видови меѓународни транспортни дозволи и трговските друштва кои имаат лиценца за превоз на стока за сопствени потреби, ќе можат да аплицираат на интернет страницата www.dozvoli-mts.gov.mk, рече Јанакиески и напомена дека за ЦЕМТ-дозволите за 2015 година ќе имаат право да аплицираат превозници кои поседуваат возило со еуро 5 и еуро 6.

Во октомври пријавување за ЦЕМТ-дозволиОд 10 до 15 октомври ќе започне пријавување по електронски пат за распределба на годишните ЦЕМТ-дозволи за 2015 година, истакна вчера на прес-конференција министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

„Трговските друштва кои имаат лиценци за јавен превоз на стоки за сите видови меѓународни транспортни дозволи и трговските друштва кои имаат лиценца за превоз на стока за сопствени потреби, ќе можат да аплицираат на интернет страницата www.dozvoli-mts.gov.mk“, рече Јанакиески и напомена дека за ЦЕМТ-дозволите за 2015 година ќе имаат право да аплицираат превозници кои поседуваат возило со еуро 5 и еуро 6.

Информираше дека до денес во базата на Министерството за транспорт и врски со изводи од лиценца евидентирани се 185 возила со „еуро 6 стандард“ и 2.318 возила со „еуро 5 стандард“.

„Согласно со одлуката од работната група за патен транспорт при конференцијата на министри за меѓународен превоз на стока, одлучено е Македонија да има 139 базни дозволи врз основа на кои ќе може да се врши распределбата на ЦЕМТ-дозволите за 2015 година. Ова значи дека за распределбата за ЦЕМТ-дозволи за 2015 година има на располагање 1.220 годишни ЦЕМТ-дозволи за возила со „еуро 5 категорија“ и 204- годишни ЦЕМТ дозволи за возила со „еуро 6 категорија“, истакна Јанакиески.

Јанакиески најави дека од 1 октомври ќе се објави оглас за одобрување на возни редови за нови линии или промена на возни редови на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот линиски превоз на патници.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik