На телефон и интернет трошиме 1.720 денари месечно

Bez autora
Sep 17 2014

Македонските граѓани најмногу користат платени ТВ-услуги (93,1 отсто), па мобилни телефони (90,9), интернет (66,7) и фиксна телефонија (61,3), а во просек месечно плаќаат 1.720 денари за телекомуникациски услуги. Ова го покажуваат податоците од испитувањето на јавното мислење во однос на пазарот на електронски комуникации, кое го спроведе Агенцијата за електронски комуникации во март годинава. Анкетата била спроведена на целата територија на Македонија на случаен репрезентативен примерок од 1.100 испитаници од популација на возраст од 18 и повеќе години, кои се корисници на некоја од следние услуги: мобилна и фиксна телефонија, интернет и платена телевизија. Македонците во просек плаќаат 1.720 денари месечно за фиксна и мобилна телефонија, интернет и за телевизија.

На телефон и интернет трошиме 1.720 денари месечноМакедонските граѓани најмногу користат платени ТВ-услуги (93,1 отсто), па мобилни телефони (90,9), интернет (66,7) и фиксна телефонија (61,3), а во просек месечно плаќаат 1.720 денари за телекомуникациски услуги. Ова го покажуваат податоците од испитувањето на јавното мислење во однос на пазарот на електронски комуникации, кое го спроведе Агенцијата за електронски комуникации во март годинава.

Анкетата била спроведена на целата територија на Македонија на случаен репрезентативен примерок од 1.100 испитаници од популација на возраст од 18 и повеќе години, кои се корисници на некоја од следние услуги: мобилна и фиксна телефонија, интернет и платена телевизија.

Македонците во просек плаќаат 1.720 денари месечно за фиксна и мобилна телефонија, интернет и за телевизија. Околу 45 отсто од испитаниците плаќаат сметки од 1.000 до 1.999 денари за телекомуникациски услуги. Месечно за оваа намена до 999 денари трошат 12,8 отсто од анкетираните, од 1.000 до 1.499 денари плаќаат 21 отсто, а од 1.500 до 1.999 денари околу 24 отсто. Сметки поголеми од 2.000 денари можат да си дозволат 33 отсто од испитаниците, а 8,9 отсто од нив не знаат колку плаќаат за телефон и за интернет.

Според испитувањето, речиси нема дом во земјава без телевизиски приемник и мобилен телефон. Дури 99,7 отсто од анкетираните одговориле дека дома имаат телевизор, а високи 90,3 отсто дома имаат барем еден мобилен телефон. Од податоците на анализата може да се види дека с` поголем број домаќинства имаат нови телевизиски апарати со рамен екран и со вграден приемник за дигитален сигнал. Сепак, с` уште доминираат обичните аналогни ТВ-приемници, кои ги имаат 84,6 од испитаниците, но овој процент е помал отколку лани, кога вакви ТВ-уреди имале дури 93,3 отсто. Телевизор со рамен екран со дигитална ХД-резолуција годинава имаат 31,2 отсто од анкетираните за разлика од лани, кога нивниот број изнесувал само 21,9 отсто. Од сопствениците на мобилни телефони, најголем дел (61,4 отсто) с` уште се поврзуваат на мрежата со обични апарати, но расте бројот на сопствениците на паметни мобилни телефони. Вакви уреди имаат 35,7 отсто од испитаниците и ова е зголемување за 6 процентни поени во споредба со лани.

Анкетата открива дека компјутер во својот дом имаат 84,5 отсто од граѓаните. Најзастапени се персоналните десктоп-компјутери (70,4 отсто), лаптоп имаат 52,7 отсто, а таблети имаат само 2 отсто од анкетираните. Од уредите за електронска комуникација, најмалку застапени се фиксните телефони, кои и кај нас ја губат битката со пософистицираните смартфони и компјутерски апликации, кои овозможуваат побрзи и поевтини аудио и видеоразговори. Така, според анкетата, само 61,3 отсто од испитаниците дома имаат фиксен телефон, од кои 42,4 отсто имаат апарати од стар тип, повразни со бакарен кабел за ѕиден приклучок, а 35,5 отсто од нив поседуваат безжичен телефонски уред.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik