Турската компанија „Истем Медикал“ наскоро со инвестиции во Македонија

Bez autora
Sep 17 2014

Премиерот Никола Груевски и членовите на владината делегација во вторникот во Анкара остварија работна вечера со сопствениците и менаџментот на компанијата „Истем Медикал“. Оваа компанија веќе претходно објави дека ќе инвестира во технолошко - индустриската развојна зона во Скопје каде ќе произведуваат медицинска опрема, катетрхидрофилни катетери, уролошки системи и останати медицински производи. Премиерот Груевски и менаџментот на компанијата разговараа за динамичниот план на компанијата и инвестицијата чие отпочнување од компанијата „Истем Медикал“ се најавува многу наскоро. Ние веќе во почетокот на наредниот месец планираме да започнеме со изградба на фабриката. Инвестицијата е вредна 10 милиони евра. Првенствено ќе имаме 150 вработени и после неколку години планираме таа бројка да се зголеми и да дојде до 250 вработени, изјави извршниот директор на „Истем Медикал“, Муса Јамурлу.

Турската компанија „Истем Медикал“ наскоро со инвестиции во МакедонијаПремиерот Никола Груевски и членовите на владината делегација во вторникот во Анкара остварија работна вечера со сопствениците и менаџментот на компанијата „Истем Медикал“.

Оваа компанија веќе претходно објави дека ќе инвестира во технолошко - индустриската развојна зона во Скопје каде ќе произведуваат медицинска опрема, катетрхидрофилни катетери, уролошки системи  и останати медицински производи.

Премиерот Груевски и менаџментот на компанијата разговараа за динамичниот план на компанијата и инвестицијата чие отпочнување од компанијата „Истем Медикал“ се најавува многу наскоро.

„Ние веќе во почетокот на наредниот месец планираме да започнеме со изградба на фабриката. Инвестицијата е вредна 10 милиони евра. Првенствено ќе имаме 150 вработени и после неколку години планираме таа бројка да се зголеми и да дојде до 250 вработени. Инаку сме многу благодарни на Владата што нуди добри услови за инвестирање и секогаш се однесува пријателски и добро не прими. Економските промотори многу ни помогнаа во реализирањето на оваа инвестиција и веруваме дека со ова темпо ќе продолжиме и понатаму и ќе реализираме и други инвестиции во иднина”,  изјави извршниот директор на „Истем Медикал“, Муса Јамурлу.

„Остваривме работна вечера со компанијата „Истем Медикал“ и поводот за кој што зборуваме денес е уште еден успешен проект во низата проекти на Владата на Република Македонија. Се работи за турска компанија која ќе произведува медицинска опрема во Република Македонија и ќе придонесе за креирање на нови работни места. Ова е доказ за сериозниот пристап и посветената работа на Владата која креира успешна бизнис клима за привлекување на нови странски директни инвестиции”, изјави заменик директор на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот, Климент Шекеровски.

Владината делегација во среда ја продолжува својата посета на Турција каде ќе се одржи бизнис форум во главниот град Анкара, а на кој ќе бидат презентирани поволностите за инвестирање во Македонија пред повеќе турски инвеститори и компании. Во попладневните часови премиерот Груевски ќе се сретне со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, како и со премиерот Ахмет Давутоглу.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik