Во Прилеп почна производството на цигари за „Филип Морис“

Bez autora
Sep 21 2014

Во прилепскиот „Тутунски комбинат“ почна производството на цигари, наменети за домашен пазар, а за потребите на новоформираната компанија „Филип Морис - Тутунски комбинат АД Прилеп“ во согласност со договорот за стратегиско партнерство со интернационалната компанија „Филип Морис“. Наскоро, ќе почне производството на цигари и од палетата на американскиот гигант, што значи во прилепската фабрика ќе се произведува и брендот „Марлборо“. Според договорот, во новоформираното претпријатие „Филип Морис - Тутунски комбинат - Прилеп“ се доставени потребните репроматеријали за производство на цигарите по лиценца од двете фирми, Прилепскиот комбинат и интернационалната компанија. Во рамки на договорот е и откупот на одредени количества ориентален тутун, што значи дека прилепскиот „Тутунски комбинат“ ќе има сигурен пласман на тутунот што ќе го преземе од кооперантите.

Во Прилеп почна производството на цигари за „Филип Морис“Во прилепскиот „Тутунски комбинат“ почна производството на цигари, наменети за домашен пазар, а за потребите на новоформираната компанија „Филип Морис - Тутунски комбинат АД Прилеп“ во согласност со договорот за стратегиско партнерство со интернационалната компанија „Филип Морис“. Наскоро, ќе почне производството на цигари и од палетата на американскиот гигант, што значи во прилепската фабрика ќе се произведува и брендот „Марлборо“.

Според договорот, во новоформираното претпријатие „Филип Морис - Тутунски комбинат - Прилеп“ се доставени потребните репроматеријали за производство на цигарите по лиценца од двете фирми, Прилепскиот комбинат и интернационалната компанија.

Во рамки на договорот е и откупот на одредени количества ориентален тутун, што значи дека прилепскиот „Тутунски комбинат“ ќе има сигурен пласман на тутунот што ќе го преземе од кооперантите.

Реализацијата на овој договор, за период од две години најдоцна, како што најави директорот Александар Дерменџиев, уште при потпишување на договорот во Скопје, ќе придонесе за целосно консолидирање на Комбинатот, со што овој загубар ќе застане на здрави нозе.

Во „Тутунски комбинат“ работат над 1.000 вработени. Најголем дел од нив се вработени во администрација. Превработеноста е најголем проблем на овој загубар, но став на менаџерите е дека проблемот треба да се решава по пат на природен одлив на работници, со нивно пензионирање или со социјални пакети, за кои би се создале услови кога Комбинатот ќе ги надмине финансиските проблеми.

Доминантен сопственик на капиталот е државата со речиси 90 отсто акции. Во неколку наврати државата ги конвертираше побарувањата по основ на неплатени придонеси и даноци во акции, траен капитал, така стана и сопственик речиси на целата фирма. Само мал дел вработени располагаат со акции во „Тутунски комбинат“. За да се решат проблемите на овој загубар, имаше обиди за пронаоѓање стратегиски инвеститор. Кога напорите не вродија со плод, новите менаџери најдоа друго решение, со „Филип Морис“ потпишаа договор за стратегиско партнерство, што значи формирање нова фирма со 30-ина работници, со менаџери од „Филип Морис“, преку која ќе се реализираат порачките за производство на цигари, и тоа од двете компании. На овој начин цигарната фабрика во која ќе се произведуваат цигари од палетата на „Филип Морис“ и на „Тутунски комбинат“, ќе работи со зголемен обем, со нова технологија, инвестиција на „Филип Морис“, а при тоа „Тутунски комбинат“ треба да ефектуира зголемен профит. Сите надежи на менаџерите се дека на овој начин да се исплатат огромните загуби на Комбинатот, што се кочница во финансиското работење.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik