Македонија економски лидер во регионот

Bez autora
Sep 22 2014

Македонија е економски лидер меѓу земјите од регионот, додека Хрватска има една од најмалку ефикасните влади во светот. Ова го покажува ранг-листата на глобалната конкурентност која секоја година ја објавува Светскиот стопански форум. Според светската конкурентност Хрватска е на 77. место, а Македонија е на 63. место. Листата кај Македонија покажува позитивен тренд, а кај Хрватска тој тренд е во опаѓање. Според листата, откако лани Хрватска напредувала од 81. на 75. место, оваа година Хрватска паднала за две места подолу, со просечна оценка од 4,13. За разлика од Хрватска, Македонија напредувала дури за 10 места. Хрватска е на дното на листата, заедно со други 11 европски земји во развој, кои и' се директно конкуренти во привлекување на инвестиции. Во таа група се: Литванија, Полска, Турција, Бугарија, Романија, Македонија, Унгарија и Црна Гора. Зад Хрватска се само Србија и Албанија.

Македонија економски лидер во регионотМакедонија е економски лидер меѓу земјите од регионот, додека Хрватска има една од најмалку ефикасните влади во светот. Ова го покажува ранг-листата на глобалната конкурентност која секоја година ја објавува Светскиот стопански форум. Според светската конкурентност Хрватска е на 77. место, а Македонија е на 63. место.

Листата кај Македонија покажува позитивен тренд, а кај Хрватска тој тренд е во опаѓање. Според листата, откако лани Хрватска напредувала од 81. на 75. место, оваа година Хрватска паднала за две места подолу, со просечна оценка од 4,13. За разлика од Хрватска, Македонија напредувала дури за 10 места. Хрватска е на дното на листата, заедно со други 11 европски земји во развој, кои и' се директно конкуренти во привлекување на инвестиции. Во таа група се: Литванија, Полска, Турција, Бугарија, Романија, Македонија, Унгарија и Црна Гора. Зад Хрватска се само Србија и Албанија.

Според тоа како ги троши парите, Хрватската влада е 129. од 144 рангирани земји и има оценка 2,2, а оценките се рангирани од 1 до 7.

Најдобри домаќини се Владите на Катар и на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), а најрасипничка влада има Венецуела. Македонија е на 40. место, со оценка 3,9 од можна максимална 7.

Според владините регулативи кои се потребни за развој на нов бизнис – администрација, дозволи, регулативи, извештаи, Хрватска е на 141. место од 144 држави, а Македонија е на високото, 27. место со просечна оценка 4,0 за разлика од Хрватска која има 2,2.

Најтранспарентни влади во светот се оние на Сингапур, Нов Зеланд и Финска, а Македонија е на високото 29. место од 144. држави, а просечната оценка е 4,6.

Најнезависно судство имаат Нов Зелнад (5,7), Финска (6,6) и Данска (6,5), а ситуацијата е најлоша во Венецуела (1,1). На тоа поле Македонија е на 79. место, а Хрватска е стота.

Според етичноста и корупцијата Македонија е на високото 38. место, за разлика до Хрватска која е на 84. место, а Грција на 90. од земјите во регионот.

Најмногу доверба во политичарите во регионот има Црна Гора (44. место), а потоа следи Македонија (52. место).

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik