„Купи куќа, купи стан“ продолжува и во следната година

Bez autora
Sep 23 2014

Еден од проектите на Владата за стимулирање и развој на градежништвото, но и поволен за граѓаните е проектот „Купи куќа, купи стан“, продолжува и во наредната 2015 година. Ова го најавивицепремиерто и министер за финансии Зоран Ставрески на гостувањето на вестите на Сител, кој додаде дека Буџетот има доволно средства за реализација на проектот. Неодамна ги подобривме и условите, односно ја намаливме каматната стапка за граѓаните на 3,95% за првите 3 години и 4,44% за четвртата и петтата година, доколку се работи за моделот-половина рата. Тоа се извонредни и незабележани до сега услови на нашиот пазар, граѓаните добро реагираат и има зголемен интерес откако ја намаливме каматната стапка, подвлече Ставрески.

„Купи куќа, купи стан“ продолжува и во следната годинаЕден од проектите на Владата за стимулирање и развој на градежништвото, но и поволен за граѓаните е проектот „Купи куќа, купи стан“, продолжува и во наредната 2015 година.

Ова го најавивицепремиерто и министер за финансии Зоран Ставрески на гостувањето на вестите на Сител, кој додаде дека Буџетот има доволно средства за реализација на проектот.

„Неодамна ги подобривме и условите, односно ја намаливме каматната стапка за граѓаните на 3,95% за првите 3 години и 4,44% за четвртата и петтата година, доколку се работи за моделот-половина рата. Тоа се извонредни и незабележани до сега услови на нашиот пазар, граѓаните добро реагираат и има зголемен интерес откако ја намаливме каматната стапка“, подвлече Ставрески.

Тој информираше дека до сега 331 семејство го решиле стамбеното прашање со овој проект, а заинтересираност има во сите градови низ Македонија.

„Едниот модел е „половина рата“ каде што граѓанинот учествува со половина средства за ратата. Ако е стан станува збор за половина рата, а ако е куќа тоа се 75% од ратата покрива државата, а 25% само граѓанинот. Ако земете 50.000 евра а станува збор за стан, месечната рата доаѓа 300 евра, од тие 300 евра 150 евра плаќа државата и 150 евра плаќатие вие, првите три години. Потоа доаѓа по 155 евра за 4-та и 5-та година, исто по 155 евра граѓанинот и државата. Ако се решите за куќа тука државата зема уште поголемо учество во плаќањето. Ако е 300 евра ратата, 225 евра покрива државата а само 75 евра плаќа граѓанинот“, рече Ставрески.

Поголем интерес кај граѓаните имало за купување на стан, но по намалувањето на каматната стапка интересот за куќа се зголемува..

„Кога станува збор за тоа дали граѓаните се решаваат за тоа дали државата да им покрие дел од ратата или дел од учеството, повеќето од нив се решаваат за покривање на месечната рата, но граѓани кои потешко обезбедуваат учество за добивање на кредит се решаваат за втроиот модел“, информираше Ставрески.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik