Пуштен во употреба топловод на компанијата Балкан Енерџи Груп

Bez autora
Sep 29 2014

Компанијата Балкан Енерџи Груп АД Скопје (БЕГ), одговорна за централното греење на корисниците во градот Скопје, денеска пушти во употреба нов инфраструктурен објект од стратешко значење за корисниците на топлинска енергија. Компанијата соопшти дека се работи за топловод со должина од 750 метри и дијаметар од 350 милиметри, кој е поставен по должината на булеварот „Трета Македонска ударна бригада“. Топловодот ќе ги подобри квалитетот, стабилноста и ефикасноста во испораката на топлинска енергија кон постоечките корисници во населбите Аеродром и Ново Лисиче, и ќе овозможи приклучување кон системот за централно греење на новите корисници од населбата Аеродром, кои гравитираат кон булеварот „Трета Македонска ударна бригада“.

Пуштен во употреба топловод на компанијата Балкан Енерџи ГрупКомпанијата Балкан Енерџи Груп АД Скопје (БЕГ), одговорна за централното греење на корисниците во градот Скопје, денеска пушти во употреба нов инфраструктурен објект од стратешко значење за корисниците на топлинска енергија.

Компанијата соопшти дека се работи за топловод со должина од 750 метри и дијаметар од 350 милиметри, кој е поставен по должината на булеварот „Трета Македонска ударна бригада“. Топловодот ќе ги подобри квалитетот, стабилноста и ефикасноста во испораката на топлинска енергија кон постоечките корисници во населбите Аеродром и Ново Лисиче, и ќе овозможи приклучување кон системот за централно греење на новите корисници од населбата Аеродром, кои гравитираат кон булеварот „Трета Македонска ударна бригада“.

- При поставувањето на новиот топловод употребени се најсовремени германски технологии на предизолирани цевки, кои значително ќе ги намалат загубите при преносот на топлинската енергија и ќе обезбедат посигурно снабдување со топлина. Во топловодот е вграден специјален мониторинг систем за детекција и дојава на дефекти и протекување што овозможува нивно брзо и лесно наоѓање и отстранување, се вели во соопштението.

Изведениот проект, како што е наведено, претставува продолжение на интензивната инвестициска активност на БЕГ за внесување модерни технологии во процесот на производство и испорака на топлинска енергија и воспоставување нови стандарди за квалитет на услугите кои ги обезбедува за своите корисници.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik