„Џонсон Мети“ од Македонија меѓу најголемите 100 во ЈИЕ

Bez autora
Sep 30 2014

Компанијата „Џонсон Мети“ е единствената фирма од Македонија рангирана меѓу првите 100 најголеми компании во Југоисточна Европа, ЈИЕ, во 2013 година. Според истражувањето „ТОП 100 СЕЕ“ на бугарската агенција „Сињуз“ од Софија, „Џонсон Мети“ се наоѓа на 62. позиција. Истражувањето опфаќа и рангирање на најголемите банки и осигурителни компании во ЈИЕ, а најдобро рангирана банка е Комерцијална, која се наоѓа на 54. место. Стопанска банка е на 57., а НЛБ Тутунска на 69. место. Најдобра македонска осигурителна компанија е „Триглав“, на 64. место, потоа „Еуролинк“ е на 85. место, а „Македонија Скопје АД - Виена иншуранс груп“ е на 90. место.

„Џонсон Мети“ од Македонија меѓу најголемите 100 во ЈИЕКомпанијата „Џонсон Мети“ е единствената фирма од Македонија рангирана меѓу првите 100 најголеми компании во Југоисточна Европа, ЈИЕ, во 2013 година. Според истражувањето „ТОП 100 СЕЕ“ на бугарската агенција „Сињуз“ од Софија, „Џонсон Мети“ се наоѓа на 62. позиција.

Истражувањето опфаќа и рангирање на најголемите банки и осигурителни компании во ЈИЕ, а најдобро рангирана банка е Комерцијална, која се наоѓа на 54. место. Стопанска банка е на 57., а НЛБ Тутунска на 69. место.

Најдобра македонска осигурителна компанија е „Триглав“, на 64. место, потоа „Еуролинк“ е на 85. место, а „Македонија Скопје АД - Виена иншуранс груп“ е на 90. место. Од македонски компании, „Окта“ е на 103. позиција, „ЕВН Македонија“ е на 105., „Макпетрол“ на 143., ЕЛЕМ на 209., „Фени индустри“ на 266., „Македонски телеком“ на 313., а „Т-Мобиле Македонија“ на 334. место. Првото место на листата го има романската нафтена компанија ОМВ „Петром“ со приход од 4,27 милијарди евра и нето-профит од 1,08 милијарди евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik